-
Пребарај
Неспоредливо динамичен. Единствениот Avant.
Помазен, поширок, подлабок - предниот дел на новиот A6 Avant уште на прв поглед демонстрира моќност и прецизност. Маркантно испакнатите куќишта на тркалата, кровната линија којашто порано почнува да се спушта и мазниот D-столб уште еднаш ја потенцираат динамиката на пропорциите и отсликуваат неспоредлива силуета. Задниот дел е особено истакнат преку спортскиот кровен спојлер и карактеристичната хромирана лајсна. За атлетска прецизност при бескомпромисно голема понуда на простор.
Уште пофокусиран
Во центарот на динамичната предница: нагласено мазната и широко обликувана Singleframe решетка со хоризонтални ламели од алуминиум. Таа е заштитена од изострените фарови чиишто карактеристични светла се спуштаат и на тој начин, визуелното тежиште се извлекува кон надвор и се добива максимален ефект на ширина. Заедно со ново обликуваната, целосно хоризонтална линија на просторот на моторот, предниот дел делува навистина присутно и пофокусирано од кога и да е досега.
Уште попрогресивен
Со острите површински рабови и цврстите, атлетски линии, A6 Avant во својот профил особено ја демонстрира својата прогресивност и динамика. Со нежно заоблената врата навнатре уште повеќе се истакнуваат моќно испакнатите куќишта на тркалата, со што гените на Quattro се изработуваат уште повпечатливо. Меѓуоскиното растојание на A6 Avant е зголемено на 2,92 метри, понудата на тркала е зголемена на тркала со 21 инч. Тука да се види: алуминиумски лиени тркала од 21 инч во дизајн со 10-Y-краци.
Уште поуникатен
Тридимензионално обликуваниот заден дел спортски се истакнува преку дискретниот кровен спојлер и со својата карактеристична хромирана лента добива повторно препознатлива вредност. Заедно со хоризонталните алуминиумски маски на задната цевка и уникатната светлосна сигнатура на задните светла се исцртува возбудлива слика, којашто уште еднаш го нагласува прогресивниот карактер на A6 Avant.