-
Пребарај
Максимален комфор при ракување во A6 Avant.
По желба достапните HD дисплеи на допир MMI High со touch response со големина од 10,1 и 8,6 инчи беспрекорно се вклопуваат во инструментната табла и се надополнуваат преку дисплејот со големина од 12,3 инчи на опционалниот Audi виртуелен кокпит. Сеопфатните можности за персонализација им дозволуваат на до седум возачи да ги меморираат поставувањата што ги претпочитаат во свои индивидуални профили. Централните функции на возилото можат - слично како и кај паметните телефони - преку "Drag and Drop" да се позиционираат на саканата позиција во екранот на MMI. Флексибилно, комфорно и пред сè: едноставно.
Можат да се персонализираат до 400 функции
Системот MMI touch response преку интуитивното ракување и можноста за персонализирање поставува нови стандарди. До седум возачи можат да ги меморираат поставувањата што ги претпочитаат во индивидуални кориснички профили и притоа да утврдат до 400 функции. Благодарение на неговата логична и мазна структура на менија, системот дозволува брз пристап до функциите на возилото. Преку брзи пристапи што може да се конфигурираат, преференците на корисниците - слично како кај паметните телефони - преку "Drag and Drop" - можат да се сместат во саканата позиција на екранот на ММИ.

MMI Navigation plus
Целосно поврзан, иновативен и интуитивен: опционално достапната MMI Navigation plus располага со интелигентна функција за самоучење врз основа на извозените патеки и базирајќи се на нив дава предлози за пребарување. Водењето кон целта се врши онлајн преку давателот на услуга HERE и ја зема предвид состојбата во сообраќајот на целиот регион. Ако податочната врска не е доволна, навигацијата се префрлува на паралелно тековното Onboard водење кон целта. Сериски се достапни шест бесплатни ажурирања за навигациските мапи кои се појавуваат двапати во годината.
Природно-говорна интеракција
Не постои нешто што е по интуитивно од говорот. Сега и Audi A6 Limousine може да се користи со него. Тоа го овозможува опционално достапната природно-говорна интеракција, интелигентен концепт на користење што Ве разбира без да е утврден врз претходно дефинирани наредби. Сеедно дали се работи за навигациски податоци, радиостаници или текстот од некоја порака - она што Вие ќе кажете, возилото ќе го направи.
Audi phone box
Поставете и тргнете: сè додека Вашиот паметен телефон се наоѓа во опционално достапниот Audi phone box и е споен преку Bluetooth со возилото, тој автоматски се препознава и може брзо и едноставно да се користи преку MMI, повеќефункцискиот управувач или преку говор. Со спојувањето помеѓу преградата и антената на возилото ќе одржите подобар квалитет на разговор и прием. И ако Вашиот паметен телефон го поддржува Qi-стандардот, може да се полни во Audi phone box - сосема едноставно без кабел.
Audi connect
Портфолиото на Audi connect содржи многубројни онлајн услуги, меѓу кои и Car-to-X услугите. Опционалниот Audi connect клуч овозможува новиот A6 Avant да го отклучувате и заклучувате преку Android паметен телефон. Апликацијата myAudi го поврзува автомобилот мрежно со паметниот телефон на својот корисник.