-
Пребарај
Дефинитивно сестран. Новиот Audi A6 Avant.
Извонреден концепт на простор и дигитални компетенции насочени кон иднината обединети во естетиката на еден атлет: новиот Audi A6 Avant се докажува во сите животни ситуации како победник. Освен што е спортско-елегантен, внатрешно софистицирано-простран, Avant е и целосно мрежно поврзан со достигнувањата на дигиталното доба и со своите иновативни системи за помош при возењето ги поставува новите стандарди во бизнис класата. Уште еднаш.
Audi A6 Avant галерија
Неспоредливо динамичен.
Единствениот Avant.
Помазен, поширок, подлабок - предниот дел на новиот A6 Avant уште на прв поглед демонстрира моќност и прецизност. Маркантно испакнатите куќишта на тркалата, кровната линија којашто порано почнува да се спушта и мазниот D-столб уште еднаш ја потенцираат динамиката на пропорциите и отсликуваат неспоредлива силуета. Задниот дел е особено истакнат преку спортскиот кровен спојлер и карактеристичната хромирана лајсна. За атлетска прецизност при бескомпромисно голема понуда на простор.
Ја потврдува големината
Бескомпромисно комфорен: оптимизираниот просторен концепт на новиот Audi A6 Avant им нуди на возачот и на сопатниците повеќе слободен простор за нозете, главата и рамената при вообичаено големиот волумен на багажниот простор. Поделениот наслон на задните седишта со можност за товарање, може флексибилно да се спушти во сооднос 40:20:40 и оптимално да се прилагоди кон Вашите желби и потреби. Сеедно дали патувате со семејството и Вашата ски-опрема на планина или на подолги службени патувања: со волуменот за товарање од 565 до 1680 литри отворени Ви се сите можности.
Линии на опрема
Зависно од желбата на клиентот, ентериерот на новиот Audi A6 Avant отсликува сосема различни карактери. Покрај основната можете да изберете и помеѓу други четири линии на опрема, секоја со сопствен концепт на боја: sport, design, design selection и - тука да се види - S line спортскиот пакет. Боите изгледаат како прогресивно, така и елегантно. Материјалите - сè до кожа Valcona и до декоративните маски од мат алуминиум - се со висока вредност и квалитет загарантиран од производителот.
Минималистички дизајн.
Максимален комфор при ракувањето.
По желба достапните HD дисплеи на допир MMI High со touch response со големина од 10,1 и 8,6 инчи беспрекорно се вклопуваат во инструментната табла и се надополнуваат преку дисплејот со големина од 12,3 инчи на опционалниот Audi виртуелен кокпит. Сеопфатните можности за персонализација им дозволуваат на до седум возачи да ги меморираат поставувањата што ги претпочитаат во свои индивидуални профили. Централните функции на возилото можат - слично како и кај паметните телефони - преку "Drag and Drop" - да се позиционираат на саканата позиција во екранот на MMI. Флексибилно, комфорно и пред сè: едноставно.
Јачина на осветлување што го покажува патот. Впечатлив поглед.
Опционалните HD Matrix LED фарови со динамичен трепкач воодушевуваат од два аспекти. На возачот му нудат оптимално осветлување на патот, без притоа да ги заслепат учесниците во сообраќајот отспротива. А исто така, на A6 Avant визуелно му даваат максимален ефект на ширина преку фокусот врз карактеристичните светлосни сегменти извлечени нанадвор.
Интелигенцијата употребена интелигентно
Иднината е тука и сега: врска од совршено усогласени технологии на сензори, камери, тркала и ултразвучни технологии и ласерски скенер коишто ја препознаваат и проценуваат Вашата возна ситуација, Ви помагаат кога ќе посакате и интервенираат ако не може поинаку. Придружете ни се на патот кон едно автономно возно искуство за уште утре да можете да возите со него.
Носач на моќност
При воведувањето на европскиот пазар A6 Avant стартува со два моќни мотори - еден дизел и еден бензински. Сите мотори се опремени со новата Mild-Hybrid технологија.
Агилен. Подвижен. Спортски.
Сериското прогресивно управување овозможува моќна возна динамика преку истакнато спортски пренос на управувањето, коешто особено во комбинација со опционалното динамично управување со сите тркала ја зголемува агилноста и подвижноста.