-
Пребарај
Извор на расположение
Опционалниот пакет на амбиентални светла за осветлување на контури креира уникатна атмосфера и во ентериерот на A6 Limousine креира фасцинантни амбиенти во коишто одлично ќе се чувствувате. Прецизните снопови светлина ги потенцираат инструментната табла, средишната конзола и другите маркантни дизајнерски структури во 30 различни нијанси на бои и со интензитет што може да се нагоди.
Простор за повеќе
Внатрешниот простор на новиот Audi A6 Limousine е уште попространо дизајниран во споредба со неговиот претходник. Со зголемената должина на внатрешниот простор, повеќе простор за нозете имаат пред сè патниците во задниот дел. Покрај тоа, во предниот и во задниот дел има поголем простор за главата и рамената. Багажниот простор нуди поголема широчина за внесување на товарот и има непроменет волумен од 530 литри. Благодарение на подобрената аеродинамика, Audi A6 Limousine и при големи брзини нуди пријатно мирен внатрешен простор.
Audi design selection
Audi design selection гарантира естетски балансиран избор од уникатни материјали, бои и функции. Од висококвалитетните декорации во дрво од бреза во природна ахат-сина боја, преку облогите за врати и потпирачите за раце во бисерна беж боја, па сè до индивидуално контурираните седишта напред во кожа Valcona, коишто опционално може да се ладат и загреваат и по желба може да имаат функција за релаксирачка масажа - Audi design selection нуди квалитет и комфор во секој детаљ.