-
Пребарај
Моќна возна динамика.
Сериското прогресивно управување овозможува моќна возна динамика преку истакнато спортски пренос на управувањето, што особено во комбинација со опционалното динамично управување на сите тркала ги зголемува агилноста и подвижноста. Опционално достапните тркала од 21″ ја акцентираат естетиката и истовремено се знак за подобрениот комфор во однос на шумовите.
Динамично управување со сите тркала
Спортско ракување при максимална стабилност: двe спротивности, обединети во
опционалното динамично управување со сите тркала. На предната оска работи динамично
управување чијшто менувач го менува својот пренос зависно од возната ситуација. При
ниски брзини, задните тркала се вртат спротивно од правецoт на предните тркала, со
што се зголемува агилноста на A6 Limousine, а кругот на вртење се намалува за до
1,1 метри на 11,1 метри - за маневрирањето да биде лесно дури и со скоро пет метри
надворешна должина на возилото. При средни и високи брзини, предните и задните
тркала се вртат во ист правец со што се зголемува стабилноста, па лимузината дури и
при ненадејна промена на коловозната лента е суверено смирена. За побезбедно возење
и поголем комфор за патниците.
Четири степени на поставување на подвозјето
Во однос на поставувањето на подвозјето, Audi нуди избор од четири варијанти:
конвенционално подвозје со челични пружини, спортско подвозје, подвозје
со регулирање на амортизацијата и воздушна амортизација adaptive air suspension,
исто така со можност за регулирање. Особено последната варијанта на A6 Limousine му
овозможува висок степен на комфор при возењето и спортско ракување, а преку Audi
drive select може да се изврши оптимално приспособување на начинот на возење и на
карактеристиките на патот. Дали комфорно-релаксирачко или спортски-стабилно: Вие
одлучувате.
Тркала од 21″
Понудата на тркала на новиот A6 Limousine е проширена во споредба со неговиот
претходник и опфаќа и елегантни и спортски дизајни на тркала со димензии од 17″ до
21″. Притоа, новиот A6 Limousine и покрај поголемите тркала се одликува со подобар
комфор при возењето и помалку шумови.