-
Пребарај
Минималистички дизајн. Максимален комфор при ракувањето.
Опционално достапните HD екрани на допир од 10,1 и 8,6 инчи на MMI High со touch response функција беспрекорно се вклопуваат во елегантната инструментна табла, а нив ги дополнува 12,3-инчниот дисплеј на опционалниот Audi виртуелен кокпит. Бројните можности за персонализација овозможуваат до седум возачи да ги меморираат претпочитаните поставувања во индивидуални кориснички профили. Централните функции на возилото може слично како кај паметните телефони со "Drag and Drop" да се позиционираат на екранот на MMI. Флексибилно, комфорно и пред сè: едноставно.
Динамични трепкачи
Многу повеќе од оптичка игра: динамичните трепкачи рамномерно го пренесуваат светлото од внатре кон надвор и на тој начин на околината недвосмислено и го покажуваат правецот на вртење. Со подолгото траење и впечатливата моќ на светење, другите учесници во сообраќајот ќе бидат брзо и сигурно информирани - важен придонес кон безбедноста.
HD Matrix LED фарови
По желба достапните HD Matrix LED фарови ја осветлуваат ноќта и овозможуваат прецизно осветлување на патот со светлина слична на дневната и со собореното светло и со долгото светло. Благодарение на иновативните технологии, не се заслепуваат ни возилата отспротива, ниту возилата пред Вас, а сообраќајните знаци не се осветлуваат премногу, додека пак важните делови и понатаму се целосно осветлени.
Извор на добро расположение
Опционалниот пакет амбиентални светла за осветлување на контурите креира уникатна атмосфера и во ентериерот на A6 Limousine формира фасцинантни амбиенти во кои одлично ќе се чувствувате. Прецизните снопови светлина ги потенцираат инструментната табла, средишната конзола и другите маркантни дизајнерски структури во 30 различни нијанси на бои и со интензитет што може да се нагоди.