-
Пребарај
Мотори со Mild Hybrid технологија
Воведувањето на европскиот пазар A6 Limousine го започнува со два моќни мотори - еден дизел и еден бензински. Кај бензинскиот мотор станува збор за 3.0 TFSI1. Овој мотор со шест цилиндри забрзува со 340 КС и 500 Nm вртежен момент за 5,1 секунди од 0 на 100 km/h. Слична моќност има V6 дизел моторот 3.0 TDI2 со 286 КС и 620 Nm вртежен момент. Сите мотори се опремени со новата Mild Hybrid технологија.
Mild Hybrid технологија
Проток на енергија: сите мотори во новиот A6 Limousine се опремени со новата Mild
Hybrid технологија на Audi, којашто при возење во реални услови може да ја намали
потрошувачката за до 0,7 литри на 100 километри. Притоа, стартер-генератор со
ременски пренос работи во комбинација со литиум-јонска батерија и на тој начин
создава дополнителна енергија, што резултира со подобрено забрзување,
поголема ефикасност и зголемен комфор при возењето. Технологијата се нуди во две
варијанти: кај четирицилиндричните мотори, се употребува струјна мрежа од 12 волти,
а кај шестцилиндричните мотори мрежа од 48 волти којашто тука служи како главна
мрежа во возилото.
V6 дизел моторот 3.0 TDI соодветствува на стандардот Euro 6 и работи заедно со
tiptronic со осум степени, додека 3.0 TFSI е поврзан со S tronic со седум степени.
Двата мотора се сериски опремени со погон на сите тркала quattro, којшто е
конципиран со поинакви акценти. Во комбинација со tiptronic, тој има самоблокирачки
средишен диференцијал, а со S tronic доаѓа со уште поефикасна ултра-технологија,
којашто со огромна брзина го вклучува погонот на задните тркала секогаш кога тој ќе
биде потребен. Притоа, изборот на степени кај сите агрегати се врши исклучиво
автоматски - за поголема ефикасност и комфорно возење.