-
Пребарај
Извонредни дополнителни функции за Audi A6 Limousine.
Слободно поставувајте многу големи барања. Audi A6 Limousine ќе ги исполни. Тој ја отелотворува совршената синтеза од ексклузивен дизајн, импресивна ефикасност и динамичен спортски карактер, а секој негов детаљ ќе Ве одушеви со високиот квалитет. Сега овој успешен модел е повторно усовршен: со впечатливи новитети во надворешниот изглед, меѓусебно вмрежени системи за помош и дополнително усовршени комфорни елементи.
Панорамски стаклен покрив
Светло, воздух и чувство на просторност: панорама за атмосфера на слобода и целосно уживање по пат.
HD Matrix LED фарови со динамични трепкачи
Оптимално осветлување и импресивен дизајн: Audi Matrix LED фаровите се комбинација од систем на камери со LED извори на светлина коишто патот го осветлуваат со светлина слична на дневната светлина и во склад со конкретната возна ситуација.
Bang & Olufsen Premium Sound System со тридимензионален звук
Просторен звук сличен како оној во концертна сала: Bang & Olufsen Sound System со тридимензионален звук го подобрува музичкото уживање на ново ниво. Високотонските и среднотонските звучници специјално интегрирани во столбот A креираат тридимензионален звук што целосно ја репродуцира длабочината на музиката.