-
Пребарај
Минималистички дизајн. Максимален комфор при ракувањето.
Опционално достапните HD екрани на допир од 10,1 и 8,6 инчи на MMI High со touch response функција беспрекорно се вклопуваат во елегантната инструментна табла, а нив ги дополнува 12,3-инчниот дисплеј на опционалниот Audi виртуелен кокпит. Бројните можности за персонализација овозможуваат до седум возачи да ги меморираат своите претпочитани поставувања во индивидуални кориснички профили. Централните функции на возилото може слично како кај паметните телефони да се позиционираат на екранот на MMI со "Drag and Drop". Флексибилно, комфорно и пред сè: едноставно.
Може да се персонализираат до 400 функции
Системот MMI touch response поставува нови стандарди за интуитивното ракување и можностите за персонализација. До седум возачи може да ги меморираат своите претпочитани поставувања во индивидуални кориснички профили и притоа да одредат до 400 функции. Благодарение на логичната и рамна структура на менија, системот овозможува брз пристап до функциите на возилото. Преку брзи пристапи што може да се конфигурираат, преференциите на корисниците може да се позиционираат на саканата позиција на екранот на MMI со помош на "Drag and Drop", слично како кај паметните телефони.
MMI touch response технологија
Кликнување, поминување со прст преку екранот, зумирање, прелистување. Концептот на ракување со MMI touch response го доведува комфорот на модерните паметни телефони во возилото и го дополнува со уште еден одлучувачки фактор: хаптика. Ако Вашиот прст го допре дисплејот, тоа не активира веднаш функција. Дури откако лесно ќе притиснете со дефинирана сила, внесот се признава и добивате механички потврден импулс и звук на кликнување. На тој начин, и при лоши услови на патот, ракувањето е лесно и безбедно. На горниот дисплеј, возачот ги регулира Infotainment услугите и навигациските услуги, на долниот дисплеј може да се управува со внесувањето текст, климатизацијата и различните комфорни функции. Уште поголема прегледност добивате со 12,3-инчниот дисплеј на опционалниот Audi виртуелен кокпит, на којшто во Вашето видно поле може да се ракува со функции како навигацијата, телефонот или Audi connect.
Навигациски систем MMI Navigation plus
Целосно вмрежен, иновативен и интуитивен: опционално достапниот навигациски систем MMI Navigation plus располага со интелигентна функција на самостојно учење врз основа на извозените делници и според тоа дава предлози за пребарување. Водењето кон целта се врши онлајн преку пружателот на услуги HERE и предвид ја зема состојбата во сообраќајот во целиот регион. Ако податочната врска не е доволно добра, навигацијата се префрла на Onboard водење кон целта, коешто се врши паралелно. Сериски на располагање стојат шест бесплатни ажурирања за навигациските мапи, коишто се појавуваат два пати годишно.
Интеракции на природен јазик
Нема нешто поинтуитивно од говорот. Сега со Audi A6 Limousine може да се ракува и преку говорот. Ова го овозможува опционално достапната природно-јазична интеракција, којашто преставува интелигентен концепт на ракување и Ве разбира и без притоа да се користат претходно дефинирани наредби. Без разлика дали се работи за навигациски податоци, радиостаници или текст во порака - Вие кажете и возилото ќе послуша.
Audi phone box
Поставете и тргнете: штом Вашиот паметен телефон ќе се стави во опционално достапниот Audi phone box и ќе се поврзе со возилото преку Bluetooth, тој автоматски се препознава и со него може брзо и едноставно да се ракува преку MMI, повеќефункцискиот управувач или преку говор. Освен тоа, со поврзувањето помеѓу преградата и антената на возилото, добивате подобар квалитет на разговорот и на приемот. А доколку Вашиот паметен телефон го поддржува стандардот Qi, тој може и безжично да се полни во Audi phone box.