-
Пребарај
ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ СТАНДАРДИ.
Слободно поставете му високи барања. Audi Ѕ5 Sportback ќе ги исполни. Тој создава совршена синтеза од ексклузивен дизајн, впечатлива ефикасност и динамичен спортски карактер. И нуди висок квалитет до најситниот детаљ. Сега го претставува веќе успешниот модел во ново совршенство: со експресивни новитети во екстериерот, тесно меѓусебно поврзани со системите за помош и со комфорните елементи унапредени до совршенство.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ СО ВКЛУЧЕН ДИНАМИЧЕН ТРЕПКАЧ НАПРЕД И НАЗАД
Оптимирано осветлување и дизајн што воодушевува: Audi Matrix LED фаровите комбинираат систем од камери со LED светлосни извори, коишто го осветлуваат патот во боја налик на дневна светлина прилагодена кон конкретната возната ситуација.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN СО 3D-ЗВУК
Музичкиот систем Bang & Olufsen поставува визуелни и звучни акценти. Тој е совршено интегриран во спортскиот дизајн на возилото и секој тон го претвора во уникатно доживување на звукот. Празник за сите сетила - на сите патувања.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Иднината на мобилноста Ви е јасно пред очи со Аudi виртуелниот кокпит: целосно дигиталната инструментна табла со дисплеј во боја од 12,3 инчи со висока резолуција презентира информации флексибилно и според Вашите потреби.