-
Пребарај
НАГЛАСЕН СПОРТСКИ КАРАКТЕР.
Специфичниот браник за S-моделот и двојната крајна хромирана цевка оставаат визуелен впечаток врз неговите перформанси. LED задните светла со динамичен трепкач ја нагласуваат атлетската изведба на линиите. Во брзина од секунда тие јасно даваат до знаење, на каде сакате да возите. А кај сите набљудувачи уште долго остануваат во сеќавање. Дури и кога S5 Sportback е веќе далеку од Вашето видно поле.
Врската меѓу емоционалниот дизајн и функционалноста со возни перформанси на спортски автомобил. Со ново развиениот Turbo V6 мотор со јачина од 260 kW (354 КС), S5 Sportback забрзува за само 4,7 секунди од 0 на 100 km/h. Максималниот вртежен момент при 500 Nm е од 1.370 до 4.500 вртежи во минута. Преносот на силата го презема tiptronic со осум степени, којшто брзо и комфорно ги менува степените. Притоа, погонот на сите тркала quattro и понатаму го поддржува спортскиот начин на возење. Многубројни детали го нагласуваат екстериерот: од маркантните браници, преку надворешните ретровизори во алуминиумски изглед, па сè до дифузерот од алуминиум и четирите крајни цевки - S5 Sportback ги покажува спортскиот карактер и прогресивноста во чист облик.