-
Пребарај
НОВИОТ AUDI S5 SPORTBACK.
Моќната силуета со карактеристичниот брановиден облик на линијата на рамената го прави S5 Sportback вистински естет. Под прекрасниот оклоп, возилото со пет врати воодушевува со ново развиеното подвозје, моќните погони, како и со иновативните решенија за Infotainment и Connectivity. Со ново развиениот Turbo V6-мотор со јачина од 260 kW (354 КС), S5 Sportback забрзува за само 4,7 секунди од 0 на 100 km/h. Максималниот вртежен момент при 500 Nm е од 1.370 до 4.500 вртежи во минута.
AUDI Ѕ5 SPORTBACK ГАЛЕРИЈА
ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ
ЕМОЦИОНАЛНИ ФОРМИ: ДИЗАЈНОТ
Одмерени пропорции, спортска предница и карактеристична линија на рамената - Audi Ѕ5 Sportback е вистински естет. Линијата на рамената со брановидна форма беше знак на препознавање уште кај претходниот модел, но сега се истакнува уште повеќе. Браникот, отворите за воздух и лајсните на праговите придонесуваат за впечатливите контури, а деталите од алуминиум, како на пр. надворешните ретровизори поставуваат јасни акценти.
СЕРИСКИТЕ И ПОСЕБНИТЕ ОПРЕМИ
Во тек со времето: во областа Connectivity и Infotainment, се на пример опционално достапни и Audi виртуелниот кокпит со TFT-екран (12,3 инчи), музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D-звук, како и Audi системот за забава на задните седишта. Наспроти претходниот модел, сериската опрема е исто така повторно збогатена: меѓу другото, кон сериската опрема припаѓаат и ксенонските фарови: LED светло за дневно возење и LED задни светла, Audi MMI Radio plus со 7 инчен дисплеј во боја, повеќефункциски кожен управувач во дизајн со 3 краци, системот за возна динамика Audi drive select, како и системот за помош Аudi pre sense city.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИТЕ ВО НОВ ДИЗАЈН
Добро означените фарови создаваат совршена хармонија со хоризонталните линии на предниот дел. Audi Matrix LED фаровите можат да се изберат како врвна опрема. Нивната светлосна сигнатура отсликува карактеристично и фокусирано лице со четири очи, кое потсетува на најпрвото quattro.
ВОЗНАТА ДИНАМИКА
Ново развиениот 3.0 TFSI мотор на S5 Sportback има моќност од 260 kW (354 КС) и при 500 Nm постигнува од 1.370 до 4.500 вртежи во минута. Со ваквото силно срцебиење, S5 Sportback забрзува за само 4,7 секунди од 0 на 100 km/h и понатаму до електронски регулираната максимална брзина од 250 km/h. Преносот на сила го презема tiptronic менувачот со 8 степени со којшто комфорно ќе ги менувате степените. Постојаниот погон на сите тркала quattro и понатаму помага при спортскиот начин на возење.
СО ВИСОК КВАЛИТЕТ - ОПЦИИТЕ НА ОПРЕМА
Во Вашиот Audi заземате посебно место. Како на предните, така и на задните седишта ќе го почувствувате ексклузивниот комфор: со висококвалитетните материјали и првокласната изработка. Сеедно дали ќе се одлучите за спортски седишта со навлаки од ткаенина односно кожа и стабилна странична потпора или пак ги претпочитате спортските седишта на S моделите со ромбовидно штепување: во нив ќе седите навистина удобно.
ПАНОРАМА СТАКЛЕН ПОКРИВ
Опционалниот панорама стаклен покрив може целосно да се отвори и на тој начин ќе се погрижи внатрешниот простор да е исполнет со светлина.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN
Опционалниот музички систем Bang & Olufsen со 3D-звук нуди фасцинантна иновација: звук, којшто во себе ја содржи просторната димензија на висината.
АМБИЕНТАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
По желба, амбиенталното осветлување вистински го истакнува ентериерот со 30 тонови на бои кои можат соодветно да се прилагодуваат.