-
Пребарај
ВПЕЧАТЛИВА НАДВОРЕШНОСТ.
Спортски карактер во најдобра форма. Прогресивност во чист облик. Тоа е новиот Audi S5 Coupé. Секој детаљ беше изострен, почнувајќи од маркантните браници и специфичната решетка за ладење со двојни ламели преку аеродинамично оптимизираните надворешни ретровизори во алуминиумски изглед, па сè до новиот S5-беџ во страничниот украсен елемент. Сериските LED фарови и 18-инчните алуминиумски лиени тркала ја прават неговата појава да биде уникатна. А тоа се само два од многуте перформанси, кои зрачат со исклучителна динамика.