-
Пребарај
НОВОТО AUDI S5 COUPÉ.
Новото S5 Coupé е спортски карактер и прогресивност во чиста форма. 3.0 TFSI моторот развива сила од 260 kW и го катапултира S5 Coupé за само 4,7 секунди од 0 на 100 km/h. Од впечатливите браници и решетката за ладење со двојна ламела специфична за S-моделот, преку надворешните ретровизори во алуминиумски изглед, па сè до Ѕ5-беџот, секоја линија е дополнително изострена. Ново обликуваната предница со опционалните Аudi Matrix LED фарови делува динамично уште пред возилото да започне да се движи.
AUDI Ѕ5 COUPÉ ГАЛЕРИЈА
ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА AUDI Ѕ5 COUPÉ
СПОЈ ОД ЕЛЕГАНЦИЈА И СПОРТСКИ КАРАКТЕР: ДИЗАЈНОТ
Надворешноста на Аudi Ѕ5 Coupé е спортски карактер и прогресивност во чиста форма. Елементите на дизајнот на неговите претходници се дополнително изострени - на пример, линијата на рамената, којашто сега се протега тродимензионално и во вид на бран. Заоблените линии преку куќиштата на тркалата и визуелно го навестуваат серискиот погон на сите тркала quattro. Деталите специфични за Ѕ моделите, како што е решетката за ладење со двојни ламели, надворешните ретровизори со алуминиумски изглед и Ѕ5-беџот го нагласуваат суверениот спортски карактер на S5 Coupé.
ПОСЕБНИТЕ ОПРЕМИ
Опционалниот Audi виртуелен кокпит е разновиден и иновативен. Навигација, телефон, музика, Audi connect услуги и напомени од системите за помош - 12,3 инчниот LCD-екран ги репродуцира со јасна слика сите информации директно во видното поле на возачот. Добијте уште повеќе функции со опционалниот Audi MMI Navigation plus со MMI touch. По желба, интерфејсот за паметен телефон на Audi Ви го носи познатиот свет на Google и Apple во Вашиот Audi. Целокупната логика на ракување со ММИ е ориентирана кон актуелните паметни телефони, вклучувајќи и интелигентно пребарување на произволни текстови. Новото, поприродно говорно управување ги обработува сите записи од секојдневниот говор, на пр. "Би сакал да го повикам Петар", а 3D-звукот на музичкиот систем Bang & Olufsen исто така овозможува импозантно доживување на звукот.
ВОЗНАТА ДИНАМИКА
3.0 TFSI моторот развива јачина од 260 kW и го катапултира S5 Coupé за само 4,7 секунди од 0 на 100 km/h.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИТЕ ВО НОВ ДИЗАЈН
Опционалните Audi Matrix LED фарови ќе Ве освојат со својот нов уникатен дизајн и на тој начин ќе ја истакнат надворешноста на Ѕ5 Coupé. Matrix LED фаровите не само што се усогласени кон дизајнот, туку тие се грижат и за поголема безбедност, така што зависно од ситуацијата, поединечни светлосни диоди одделно се вклучуваат и исклучуваат или се затемнуваат. На тој начин, возилата што доаѓаат од спротивниот правец и оние што возат пред Вас не ги заслепувате, а сите области помеѓу и покрај возилото остануваат и понатаму осветлени.
СПОРТСКА ЕЛЕГАНЦИЈА - НОВИОТ AUDI A5 И S5 COUPÉ
Во јуни 2007 година Audi за првпат ги презентираше A5 и S5 Coupé, коишто за многу краток период освоија обожаватели низ целиот свет. Сега, девет години подоцна започнува и втората генерација - со нов изострен изглед и технички новитети во сите области. Дизајнот е атлетски, спортски, елегантен и споен со извонредна аеро-динамика.