-
Пребарај
ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ СТАНДАРДИ.
Audi S5 Cabriolet со опремите за Audi го исполнува сето она што го очекувате од него. Не само што со тоа тој се издигнува над останатите кабриолети - туку со тоа тој станува Ваш личен S5 Cabriolet.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Иднината на мобилноста Ви е јасно пред очи со Аudi виртуелниот кокпит: целосно дигиталната инструментна табла со дисплеј во боја од 12,3 инчи со висока резолуција презентира информации флексибилно и според Вашите потреби.
MMI® NAVIGATION PLUS СО MMI TOUCH
MMI Navigation plus впечатливо ја претставува иновативната моќ на новата MMИ генерација и покажува, што значи напредок преку техниката во областа на Infotainment: најголем избор на разновидни функции, највисоко ниво на комфор при ракувањето и уште многу дополнителни поволности за клиентите.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ СО ВКЛУЧЕН ДИНАМИЧЕН ТРЕПКАЧ НАПРЕД И НАЗАД
Оптимирано осветлување и дизајн што воодушевува: Audi Matrix LED фаровите комбинираат систем од камери со LED светлосни извори, коишто го осветлуваат патот во боја налик на дневна светлина прилагодена кон конкретната возната ситуација.
AUDI ИНТЕРФЕЈС ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН
Целосно интегриран: со опционалниот Audi интерфејс за паметен телефон, во возилото доаѓаат и Apple Car Play и Android Auto. Функциите се репродуцираат на ММИ-системот со ново конципирана структура на менито.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN СО 3D-ЗВУК
Музичкиот систем Bang & Olufsen поставува визуелни и звучни акценти. Тој е совршено интегриран во спортскиот дизајн на возилото и секој тон го претвора во уникатно доживување на звукот. Празник за сите сетила - на сите патувања.