-
Пребарај
НАДВОРЕШНОСТА НА AUDI A5 CABRIOLET.
Новиот Audi S5 Cabriolet го отсликува спортскиот карактер на прогресивен начин. Заострената линија на рамената, подолгото меѓуоскино растојание и рамниот заден дел му даваат атлетска појава. Двојните крајни цевки очигледно ја истакнуваат неговата моќност. Дури и пред да го стартувате моторот.
Новитетите секогаш побрзо се шират. Најдобар пример за тоа е новиот Audi S5 Cabriolet. V6 TFSI моторот со јачина од 260 kW (354 КС) и вртежниот момент од 500 Nm го катапултираат за само 5,1 секунда од 0 на 100 km/h, а убедува и со намалената емисија на CO₂. Исто така и дизајнот е чекор напред во поглед на иновациите. Решетката за ладење специфична за S-моделите. Опционалните 19-инчни алуминиумски лиени тркала со Cavo-дизајн со 5 краци. Атлетската силуета. Надворешните ретровизори со алуминиумски изглед. S5 Cabriolet може да се види. Но, за само неколку секунди повторно е надвор од Вашиот видик.