-
Пребарај
НОВИОТ AUDI S5 CABRIOLET.
Новиот S5 Cabriolet го олицетворува спортскиот карактер на елегантен начин: ново развиениот V6 TFSI мотор со 260 kW (354 КС) го катапултира S-моделот за само 5,1 секунда од 0 на 100 km/h. Впечатливата надворешност и деталите специфични за S-моделот во ентериерот го истакнуваат спортскиот карактер на S5 Cabriolet. Исто така и внатрешноста плени со својата висококвалитетна изработка, првокласните материјали и го нагласува карактерот на Premium класата. Опционалните предни S спортски седишта со пневматска функција за масажа или повеќефункцискиот спортски кожен управувач со прекинувачи во дизајн со 3 краци овозможуваат уште поголем комфор.
ГАЛЕРИЈА
ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ
ФАСЦИНАЦИЈАТА НА ОТВОРЕНОТО ВОЗЕЊЕ
Во Ѕ5 Cabriolet можат да уживаат до четири лица во интензивното задоволство при возењето. Класичниот кабрио-покрив од ткаенина уште во сериската опрема нуди извонредна аеро-акустика и може за само 15 секунди целосно автоматски да се отвори односно за само 18 секунди да се затвори - дури и за време на возење со до 50 km/h. Сериските микрофони на појасите го подобруваат квалитетот на говорот при телефонирањето и при отворен кабрио-покрив. Сè што треба да направите е да уживате во ветрот додека возите.
СПОРТСКО-ЕФИКАСНИТЕ МОТОРИ

ДИЗАЈНОТ
S5 Cabriolet се издигнува со своите спортски детали од A5 Cabriolet: решетката за ладење специфична за S-моделите, надворешните ретровизори со алуминиумски изглед, изострените странични линии и рамниот заден дел му даваат атлетска појава. Карактеристично за целото A5 семејство е пред сè брановидната линија на рамената.
СЕРИСКАТА И ПОСЕБНАТА ОПРЕМА
Во споредба со претходните модели, сериската опрема е значително збогатена: меѓу другото, кон сериската опрема припаѓаат и ксенонските фарови, системот за возна динамика Audi drive select и делумно кожните седишта. Исто така, и сериските микрофони на појасот нудат особено добар квалитет на говорот, дури и за време на возењето. Во областа на Connectivity и Infotainment, опционално се достапни на пр.: Audi виртуелниот кокпит со TFT-екран (12,3 инчи), музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D-звук и интерфејсот за паметен телефон на Audi. Новиот концепт на линиите на опрема нуди можности за индивидуализација како во екстериерот така и во ентериерот.