-
Пребарај
ИМПРЕСИВЕН ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД.
Заоблената странична линија и моќните куќишта на тркалата на опционалните 19-инчни алуминиумски лиени тркала вистински го истакнуваат серискиот погон на сите тркала quattro. Мазната силуета и острите линии ја акцентираат спортската елеганција и навестуваат на моќниот агрегат што се крие под хаубата на моторот. TDI или TFSI моторите убедуваат со зголемената моќност и намалените емисии. А во поглед на задоволството при возењето ги задоволуваат речиси сите очекувања.
Усогласеност на емотивните форми и атлетски затегнатите површини - тоа е Audi A5 Sportback. Карактеристичниот брановиден облик во линијата на рамената е уште повеќе нагласен отколку кај претходниот модел и овозможува создавање на игра помеѓу светлината и сенките. Исто така и задниот дел покажува прецизна изведба на линиите, којашто завршува карактеристично на крајните рабови. Линиите на опрема A5 design и sport нудат доволно простор за Вашите лични идеи. Разликите се забележуваат во деталите на екстериерот и ентериерот: во линијата на опрема sport, заштитната решетка на ладилникот е во Twilight мат сива боја со хоризонтални ламели во алуминиум мат сребрена боја. Линијата на опрема design е изведена во елегантно темна Titan црна боја со хоризонтални хромирани ламели.