-
Пребарај
НОВИОТ AUDI A5 SPORTBACK.
Новиот A5 Sportback ги обединува дизајнот на Coupé и функционалноста на Avant. Моќната мазна силуета со карактеристична брановидна форма на линијата на рамената го прави да изгледа како вистински естет. Под својот убав оклоп, ова возило со пет врати воодушевува со ново развиеното подвозје, моќните погони, како и иновативните решенија за Infotainment и Connectivity.
AUDI A5 SPORTBACK ГАЛЕРИЈА
ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ
ЕМОЦИОНАЛНИ ФОРМИ: ДИЗАЈНОТ
Одмерени пропорции, спортска предница и карактеристична линија на рамената - Audi A5 Sportback е вистински естет. Линијата на рамената со брановидна форма беше знак на препознавање уште кај претходниот модел, но сега уште повеќе се истакнува. Зависно од опремата, заштитната решетка на ладилникот е изработена во стандардна мат црна боја или пак во Twilight сива. Задниот дел се одликува со јасно хоризонтална и тродимензионална изведба на линиите.
СЕРИСКИТЕ И ПОСЕБНИТЕ ОПРЕМИ
Во тек со времето: во областа Connectivity и Infotainment, на пример опционално се достапни Audi виртуелниот кокпит со TFT-екран (12,3 инчи), музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D-звук и Audi системот за забава на задните седишта. Наспроти претходниот модел, сериската опрема е исто така повторно збогатена: меѓу другото, кон сериската опрема припаѓаат и ксенонските LED фарови за дневно возење и LED задните светла, Audi MMI Radio plus со 7 инчен дисплеј во боја, повеќефункцискиот кожен управувач во дизајн со 3 краци, системот за возна динамика Audi drive select, како и системот за помош Аudi pre sense city.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИТЕ ВО НОВ ДИЗАЈН
Добро означените фарови создаваат совршена хармонија со хоризонталните линии на предниот дел. Audi Matrix LED фаровите можат да се изберат како врвна опрема. Нивната светлосна сигнатура отсликува карактеристично и фокусирано лице со четири очи, кое потсетува на најпрвото quattro.
ВОЗНА ДИНАМИКА
Како и кај A5 Coupé, за TFSI и TDI моторите со четири цилиндри со рачен менувач достапен е новиот погон на сите тркала quattro со ultra-технологијата. Ефикасно оптимираниот погон не дозволува при тракција и возна динамика да почувствувате разлика кон перманентните возни системи. Ново развиениот погон работи предикативно и ја прилагодува распределбата на моментот кон начинот на возење. Кај сите мотори со S tronic и tiptronic исто така се применува перманентниот погон на сите тркала quattrо.
СПОРТСКО ЕФИКАСНИ МОТОРИ
Моќноста на TDI и TFSI моторите кај A5 Sportback е помеѓу 140 kW (190 КС) и 210 kW (286 КС). Сеедно дали се работи за рачен менувач со шест степени, S tronic со седум степени или tiptronic со осум степени, во комбинација со преден или quattro погон - во новиот Audi A5 Sportback секој мотор има соодветна технологија, за моќноста да може максимално да се пренесе на патот.
НОВИОТ AUDI A5 SPORTBACK...
... ВО СПОРЕДБА
Седум години по создавањето на A5 Sportback, новиот модел излегува на стартната позиција. Со должина од 4.733 милиметри, меѓуоскино растојание од 2.824 милиметри, ширина од 1.843 милиметри и висина од 1.386 милиметри, тој ги покажува своите спортски пропорции. Тежината е намалена за до вкупно 85 килограми и сега изнесува 1.470 килограми на празно возило. Багажниот простор важи за еден од најдобрите во неговата класа: за товарање имате на располагање до 1.300 литри со спуштена задна клупа.
СО ВИСОК КВАЛИТЕТ - ОПЦИИТЕ НА ОПРЕМА
Во Вашиот Audi заземате посебно место. Како на предните, така и на задните седишта ќе го почувствувате ексклузивниот комфор: со висококвалитетните материјали и првокласната изработка. Сеедно дали ќе се одлучите за спортски седишта со навлаки од ткаенина односно кожа и стабилна странична потпора или пак ги претпочитате спортските седишта на S моделите со ромбовидно штепување: во нив се седи навистина добро.
ПАНОРАМА СТАКЛЕН ПОКРИВ
Опционалниот панорама стаклен покрив може целосно да се отвори и на тој начин се грижи внатрешниот простор да е исполнет со светлина.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN
Опционалниот музички систем Bang & Olufsen со 3D-звук нуди фасцинантна иновација: звук, којшто во себе ја содржи просторната димензија на висината.
АМБИЕНТАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
По желба, амбиенталното осветлување вистински го истакнува ентериерот со 30 тонови на бои кои можат соодветно да се прилагодуваат.