-
Пребарај
Новиот Audi A5 Sportback.
Новиот A5 Sportback ги обединува дизајнот на Coupé и функционалноста на Avant. Моќната мазна силуета со карактеристична брановидна форма на линијата на рамената го прави да изгледа вистински уникатно. Под својот убав оклоп, ова возило со пет врати воодушевува со ново развиеното подвозје, моќните погони, како и иновативните решенија за инфо-забава и поврзување.
Дизајн Емоционални форми
Одмерени пропорции, спортска предница и карактеристична линија на рамената - Audi A5 Sportback е вистински естет. Линијата на рамената со брановидна форма беше знак на препознавање уште кај претходниот модел, но сега уште повеќе се истакнува. Зависно од опремата, заштитната решетка на ладилникот е изработена во стандардна мат црна боја или пак во Twilight сива. Задниот дел се одликува со јасно хоризонтална и тродимензионална изведба на линиите.
Audi Matrix LED во нов дизајн
Добро означените фарови создаваат совршена хармонија со хоризонталните линии на предниот дел. Audi Matrix LED фаровите можат да се изберат како врвна опрема. Нивниот светлосен потпис отсликува карактеристично и фокусирано лице со четири очи, кое потсетува на најпрвото quattro.
Воодушевувачка динамика на возење
Ефикасно оптимизираниот погон на TDI моторите не дозволува при тракција и возна динамика да почувствувате разлика. Ново развиениот погон работи предикативно и ја прилагодува распределбата на моментот кон начинот на возење. Во комбинација со автоматскиот менувач S tronic, врвните возачки перформанси се загарантирани.
Компромис не е потребен
Во тек со времето: во областа Connectivity и Infotainment, на пример опционално се достапни Audi виртуелниот кокпит со TFT-екран, музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D-звук и Audi системот за забава на задните седишта. Наспроти претходниот модел, сериската опрема е исто така повторно збогатена: меѓу другото, кон сериската опрема припаѓаат и LED фаровите за дневно возење и LED задните светла, Audi MMI Radio plus со 10.1 инчен дисплеј во боја чувствителен на допир, повеќефункцискиот кожен управувач во дизајн со 3 краци, системот за возна динамика Audi drive select, како и системот за помош Аudi pre sense city.
Внатрешност Спортска и елегантна
Во Вашиот Audi заземате посебно место. Како на предните, така и на задните седишта ќе го почувствувате ексклузивниот комфор: со висококвалитетните материјали и првокласната изработка. Сеедно дали ќе се одлучите за спортски седишта со навлаки од ткаенина односно кожа и стабилна странична потпора или пак ги претпочитате спортските седишта на S моделите со ромбовидно штепување: во нив се седи навистина добро.
Спортско ефикасен мотор
Моќноста на TDI моторот кај A5 Sportback е 150 kW (204 КС), кој во комбинација со автоматскиот менувач S tronic со седум степени, максимално ја пренесува моќноста на патот, за одлична возна динамика и агилност, но истовремено и врвен комфор во возењето.
Сакате да дознаете повеќе за новиот Audi А5 Sportback, да го запознаете одблизу или да го конфигурирате вашето посакувано возило?
Контактирајте го овластениот Audi партнер.
Пребарај Audi партнер