-
Пребарај
AUDI A5 CABRIOLET.
Отворете го светот на иднината - новиот Audi A5 Cabriolet воодушевува на прв поглед. Надворешноста е дополнително изострена, особено впечатливо се истакнува линијата на рамената. Каросеријата на новиот A5 Cabriolet е најцврста во својата класа, а притоа се вбројува и меѓу најлесните. Исто така и архитектурата на внатрешноста ќе Ве плени: висококвалитетно изработена и пространа за да имате доволно простор за Вашите лични идеи. Атрактивните опреми, како Audi виртуелниот кокпит или музичкиот систем Bang & Olufsen, како и 30-те системи за помош на возачот ја заокружуваат оваа сеопфатна понуда.
ГАЛЕРИЈА
ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ
ВОЗНАТА ДИНАМИКА
Сеедно дали се работи за рачен менувач со шест степени или пак за менувач со двојна спојка S tronic со седум степени - секој мотор има соодветна технологија, за постојано да се задржи моќноста на патот. Стандардно, погонот се одвива преку предните тркала, а како опција за избор постои и погонот quattro со ultra технологија и перманентниот погон на сите тркала. Серискиот систем за возна динамика Audi drive select Ви овозможува особено динамично и комфорно возење.
ДИНАМИКА И ПРОГРЕСИВНОСТ
Едно мало движење, кое ја ослободува силата. Сеедно дали се работи за TFSI или TDI мотор - Audi A5 Cabriolet воодушевува со ефикасноста и спортската динамика. Сè до брзина од 50 km/h, кабрио-покривот може удобно да се отвори само со притискање на копче. И повторно да се затвори. Погонот на сите тркала quattro се грижи за поголема тракција и динамика. А рамниот заден дел со трето стоп-светло интегрирано во украсната лајсна на капакот од касетата на кабрио-покривот, овозможува Audi A5 Cabriolet да биде добро осветлен и при сопирањето.
ФАСЦИНАЦИЈАТА НА ОТВОРЕНОТО ВОЗЕЊЕ
Во A5 Cabriolet можат да уживаат до четири лица во интензивното задоволство при возењето. Класичниот кабрио-покрив од ткаенина уште во сериската опрема нуди извонредна аеро-акустика и може за само 15 секунди целосно автоматски да се отвори односно за само 18 секунди да се затвори - дури и за време на возење со до 50 km/h. Сериските микрофони на појасите го подобруваат квалитетот на говорот при телефонирањето и при отворен кабрио-покрив. Сè што треба да направите е да уживате во ветрот додека возите.
ДИЗАЈНОТ
Впечатливата Singleframe решетка, хоризонталните линии на задниот дел, долга и лесно достапна хауба на моторот - сите тие се уникатни карактеристики коишто ја истакнуваат спортската елеганција на A5 Cabriolet. Карактеристично за целото A5 семејство е пред сè брановидната линија на рамената. Дополнителната потпора во каросеријата наспроти Coupé и засилените прагови го компензираат недостатокот на цврст покрив.
СЕРИСКАТА И ПОСЕБНАТА ОПРЕМА
Во споредба со претходните модели, сериската опрема е значително збогатена: меѓу другото, кон сериската опрема припаѓаат и ксенонските фарови, системот за возна динамика Audi drive select и делумно кожните седишта. Исто така и сериските микрофони на појасот нудат особено добар квалитет на говорот, дури и за време на возењето. Во областа на Connectivity и Infotainment, опционално се достапни на пр.: Audi виртуелниот кокпит со TFT-екран (12,3 инчи), музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D-звук и интерфејсот за паметен телефон на Audi. Новиот концепт на линиите на опрема нуди можности за индивидуализација како во екстериерот така и во ентериерот.
ДОБРА АКУСТИКА.
Акустичниот кабрио-покрив значително ги намалува шумовите во внатрешниот простор. Тоа го овозможува изолацијата од полиуретанска пена, која значително придонесува за намалување на нивото на шумови во внатрешноста. Освен тоа, уште при купувањето на возилото можете да одберете различни бои за кабрио-покривот на A5 и S5 Cabriolet. Со комфорното отворање, кабрио-покривот може целосно и едноставно да се отвори за само 15 секунди, а да се затвори за 18 секунди.