-
Пребарај
СПОРТСКО ЕЛЕГАНТЕН ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР.
Во големиот внатрешен простор пет патници можат да патуваат многу комфорно. Исто и комфорот во поглед на бучавата поставува нови стандардни во класата и квалитетот на изработка е на многу високо ниво.
S4 Limousine нуди 480 литри багажен простор. Хомогената линија со широките отвори за воздух на инструментната табла и вграденото контролно поле на климата на внатрешниот простор му подаруваат великодушна ширина. При темнина LED светлосните водачи ги истакнуваат контурите на вратите и на средишната конзола.
S спортските седишта се обложени со навлаки во комбинација од фина Nappa кожа и Alcantra во боите soul, rotor сива и magma црвена. Тие располагаат со странични перничиња кои можат да се поставуваат , вградени потпирачи за глава и пневматска функција за масажа. Типичен S модел, во внатрешниот простор доминира црната боја. Декоративните елементи сериски се од мат исчеткан алуминиум. Деталите како осветлените лајсни за влегување со натпис S4, ознаките втиснати во седиштата или специјалниот S4 почетен екран ја заокружуваат висококвалитетната опрема.
Кон техничките иновации во внатрешниот простор се вбројува и опционалниот Audi виртуелен кокпит. На 12,3 инчниот екран со висока резолуција се прикажуваат сите релевантни информации со детална графика. За избор имате три прикази- од кои еден е ексклузивниот спортски екран, кој во централниот дел го прикажува мерачот на број на вртежи. Втората голема новост е контролниот систем ММИ. Логиката на ракување е како кај актуелните паметни телефони, вклучувајќи произволно пребарување на текст.