-
Пребарај
ЛЕСНО И МОЌНО.
Срцето на S4 Limousine е ново создадениот V6 мотор со директно вбризгување на бензин и турбо полнење. Моторот 3.0 TFSI произведува 260 kW (354 КС). Вртежниот момент од 500 Nm се движи во подрачје на број на вртежи од 1 370 до 4 500 1/min. Моторот го надминува неговиот претходник во поглед на перформансот и вртежниот момент и истовремено има значајно намалена потрошувачка и тежина.
МОТОРОТ 3.0 TFSI ВО AUDI S4 LIMOUSINE
Новото Audi S4 забрзува за 4,7 секунди од 0 на 100 km/h, при брзина од 250 km/h интервенира електронското ограничување. И тоа при извонредна ефикасност: во новиот европски возен циклус на S4 Limousine му се потребни помалку од 7,4 литри гориво на 100 километри (170 грама CO2 на километар).
Новиот менувач со осум степени tiptronic меѓу другото се грижи и за овие вредности: тој работи ефикасно и менува степени брзо, комфорно и спонтано. Секогаш кога возната ситуација го дозволува тоа, тој префрла во слободен од и на тој начин заштедува гориво.
Перманентниот погон на сите тркала quattro носи моќност на улицата - како и кај секој S модел на Audi. Неговиот средишен диференцијал кој сам се заштедува во нормален возен режим води 60 проценти од моментот на задните оски и 40 проценти напред. Зависно од оперативната ситуација, тој дели до 70 проценти на предната оска или до 85 проценти во задниот дел. Управувањето со момент кое е индивидуално за секое тркало заедно со интелигентната софтверска функција го комплетира погонот quattro. При динамично возење на кривини, внатрешните делови на тркалата минимално се сопираат пред да можат да се излизгаат. Тоа се грижи за уште попрецизно, постабилно и поагилно возење. Спортскиот диференцијал, кој можете опционално да го добиете, го подобрува управувањето со возилото со тоа што активно ја дели силата меѓу задните тркала.
ПОДВОЗЈЕТО НА AUDI S4 LIMOUSINE
Новото Audi S4 Limousine сите видови на кривини ги совладува со храброст - без разлика дали станува збор за тркачки патеки или планински премин. На брзи автопати Limousine импресионира со одлична дирекционална стабилност. За тоа е заслужен перформансот на ново создаденото подвозје: осовините со пет спони на предната и задната оска точно gi разделуваат надолжната и попречната сила една од друга и се грижат за оптимално управување со возилото во сите возни ситуации. Обете - како и електромеханичкото серво управување - се многу лесни во поглед на конструкцијата. Во зависност од брзината, опционално може да се добие и варијабилното динамично управување. Нивото на сериското S спортско подвозје е 23 милиметри пониско од она на основниот модел. Кај опционалното подвозје со активно регулирање на придушувањето важи истата поставеност. Заедно со моторот, управувачот, менувачот tiptronic и спортскиот диференцијал, таканаречените CDC амортизери (CDC = continous damping control) се вклучени во серискиот систем за возна динамика Audi drive select. Со тоа возачот може да ја регулира карактеристиката на подвозјето во повеќе режими.