-
Пребарај
СПОРТСКИ КОМПЛИМЕНТ
Audi го претставува новиот врвен модел на линијата A4: новото Audi S4 Limousine. Формулата за успех на S моделите продолжува: суверен quattro перформанс, децентен дизајн и најнова техника во поглед на погонот, подвозјето и Infotainment.
AUDI S4 LIMOUSINE ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ
ВРВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА S4 LIMOUSINE.
НАДВОРЕШНОСТ
Предниот дел на новото Audi S4 Limousine ширината ја истакнуваат Singleframe решетката и нагласената хоризонтална линија. Браникот и отворите за воздух се маркантно контурирани. Многу од додатоците се лакирани во мат сиви тонови, додека хромираните делови даваат точкести акценти. На течно заоблените рабови на 4,74 метри долгото S4 Limousine веднаш се забележуваат куќиштата на надворешните ретровизори со алуминиумски изглед.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Во Audi S4 Limousine имате избор од широката понуда на системи за помош на возачот. Предвидливиот систем за ефикасност му помага на возачот со напомени за менување степени при заштеда на гориво. Системот Audi active lane assist му помага да се задржи во коловозната лента. Системот adaptive cruise control со Stop & Go функција заедно со системот за помош при застој до брзина од 65 km/h ги презема забрзувањето, забавувањето и управувањето и со тоа му олеснува на возачот кога сообраќајот е густ.
ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР
Во големиот внатрешен простор пет патници можат да патуваат многу комфорно. Исто и комфорот во поглед на бучавата поставува нови стандардни во класата и квалитетот на изработка е на многу високо ниво. S4 Limousine нуди 480 литри багажен простор.
МОТОР
Срцето на S4 Limousine е ново создадениот V6 мотор со директно вбризгување на бензин и турбо полнење. Моторот 3.0 TFSI произведува 260 kW (354 КС). Вртежниот момент од 500 Nm се движи во подрачје на број на вртежи од 1 370 до 4 500 1/min. Моторот го надминува неговиот претходник во поглед на перформансот и вртежниот момент и истовремено има значајно намалена потрошувачка и тежина.