-
Пребарај
ЛЕСНО И МОЌНО.
Срцето на S4 Avant е ново создадениот V6 мотор со директно вбризгување на бензин и турбо полнење. Моторот 3.0 TFSI произведува 260 kW (354 КС). Вртежниот момент од 500 Nm се движи во подрачје на број на вртежи од 1 370 до 4 500 1/min. Моторот го надминува неговиот претходник во поглед на перформансот и вртежниот момент и истовремено има значајно намалена потрошувачка и тежина.
МОТОРОТ 3.0 TFSI
Ново создадениот мотор 3.0 TFSI со турбо полнење го спојува перформансот на спортско возило со нов степен на ефикасност. Со претходниот мотор заеднички им се само продупчувањето (84,5 милиметри) и осовината (89 милиметри). Овој мотор со шест цилиндри од зафатнината со големина од 2 995 ccm влече моќност од 260 kW (354 КС) и со тоа 15 kW (21 КС) повеќе од претходниот модел. Веќе при 1 370 вртежи во минута подигнува 500 Nm (60 Nm повеќе во споредба со неговиот претходник) на осовината на курблата. ВО исто време бензинскиот V6 мотор имресионира со голема ефикасност. S4 Avant се задоволува со помалку од 7,5 литри на 100 километри и со тоа достигнува вредност на CO2 помала од 175 грама на километар.
ТУРБО ПОЛНАЧ НАМЕСТО КОМПРЕСОР
Најважниот новитет кај моторот 3.0 TFSI е турбо полначот за издувни гасови, кој го заменува механичкиот компресор. Тој работи по принципот Twinscroll - цевките на системот на издувни гасови на двете куќишта на цилиндрите се разделуваат во зглобот како и во куќиштето на полначот и се соединуваат дури пред тркалото на турбината. Оваа технологија избегнува несакани интеракции меѓу столбовите за гас и соодветно придонесува за рано и силно создавање на вртежниот момент. 500 Nm во подрачје од 1 370 до 4 500 вртежи во минута се подготвени за работа.
Турбо полначот е сместен во 90 степени V во куќиштето на цилиндарот, наместо надвор покрај куќиштето на курблата. Според тоа, кај главите на цилиндрите страната за испуштање на гасови е внатре, а страната за вшмукување надвор. Оваа поставеност овозможува компактна градба и краток пат на гасовите со минимална загуба на струја - моторот 3.0 V6 TFSI на тоа реагира сосем спонтано и директно. Тој ги носи гените на моторот 4.0 V8 TFSI и консеквентно развивање во поглед на перформансот и ефикасноста, пренесено на мотор со шест цилиндри.
Сите четири брегасти осовини можат да се прилагодат, на страната на отворот системот Audi Valvelift System (AVS) го регулира подигнувањето на вентилот и со него карактеристиката на менување на гас - високо ефикасно при умерен начин на возење, ориентирано кон перформансот при поголем товар. Горивото се вбризгува директно во ќелиите за согорување.
За голема ефикасност на новиот турбо агрегат придонесуваат голем број на мерки. Тежината на моторот 3.0 TFSI е намалена за 14 килограми и изнесува 172 килограми. Истовремено Audi го намалува триењето во моторот. За тоа инженерите интегрираа бушони од лиено железо во куќиштето на цилиндарот од алуминиумска легура и создадоа нова клипна алка. Целосно варијабилно регулираната пумпа за масло дополнително ја зголемува ефикасноста. Таа произведува притисок само онолку колку е потребно. При режим на запчаник, новиот концепт ја намалува погонската сила. Тој ги користи осовините за балансирање за да ги покрене четирите брегасти осовини.
За оваа ефикасност меѓу другото е значајно и термалното управување. После ладен старт, променливата пумпа за вода го регулира протокот на средството за ладење низ моторот, така што моторот колку што е можно побрзо ја постигнува работната температура. Цевките на системот за издувни гасови се вградуваат во главата на цилиндарот и се плакнат со средството за ладење, и со тоа помагаат за брзо стоплување на моторот.
ВОЗНА ДИНАМИКА
Погонските компоненти и подвозјето на новото S4 Avant се претставени во целосно ново издание - тоа важи за менувачот со осум степени tiptronic со меко, брзо и спонтано менување на степени. Композицијата на тркалата и контролните елементи водат до мал влечен момент и со тоа до голема ефикасност. Големиот број на степени на брзина овозможува моторот многу често да работи блиску до идеалната точка на оптоварување. Ниските степени на брзина се спортско кратки, додека високите степени го намалуваат бројот на вртежи заедно со потрошувачката.
Клaсичниот автоматски конвертор на сила на вртење е вграден во термалното управување на моторот и е дизајниран за Start-Stopp режимот (од 3 km/h преостаната брзина и нагоре). Возачот може да избира меѓу режимите D, S и E, за рачна промена на степен на располагање му стои прекинувачот за менување степени кој се наоѓа на управувачот. Сите наредби до менувачот се пренесуваат чисто електрично. Новиот амортизер кој е адаптивен во поглед на бројот на вртежи, работата на моторот при ниски степени на брзина ја прави уште покултивирана.
Штом возачот во подрачје на брзина меѓу 55 и 160 km/h ќе го тргне стапалото од педалот за гас, менувачот префрла во слободен од, ако со тоа се заштедува гориво (не во режим S). Ако дел од опремата се и опционалниот предвидлив систем за ефикасност и системот adaptive cruise control со Stop&Go функција заедно со систем за помош при застој, управувањето на режимот на едрење се извршува особено претпазливо.
СЕРИСКИОТ ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO
Перманентниот погон на сите тркала quattro со неговиот асиметрично динамичен дизајн силно придонесува за спортски стабилно управување на S4 Avant. Во регуларниот возен режим неговиот чисто механички средишен диференцијал испраќа 60 проценти од моментот на задната оска и 40 проценти напред. Ако на една оска настане грешка, големиот дел на силата многу брзо се префрлува на другата оска - до 85 проценти напред, до 70 проценти назад. Овие високи вредности на блокирање овозможуваат јасно дефинирана поделба на моментот и правилна заедничка игра со системите за регулирање.
Управувањето со моментот индивидуално за секое тркало, кои претставува интелигентна софтверска функција, ја заокружува работата на погонот quattro. При динамично возење на кривини, внатрешниот дел на тркалата се успорува со минимални интервенции, пред тркалата да можат да се излизгаат. Интервенција се извршува и ако возачот не даде гас. Разликата на погонските сили сосема лесно го врти автомобилот на кривина - возењето станува уште попрецизно, поагилно и постабилно.
ОПЦИОНАЛНИОТ СПОРТСКИ ДИФЕРЕНЦИЈАЛ
Опционалниот спортски диференцијал со себе носи уште поголема динамика. Со две нивоа на двојна експозиција, спортскиот диференцијал моментот на задната оска постепено и по потреба го дели на тркалата - при брзо возење на кривини системот на вртежен момент и вектори цврсто го притиска автомобилот во радиусот. Неговото управување кое работи преку ново создадената електронска платформа на подвозје (EFP) е вградено во системот за возна динамика Audi drive select. Спортскиот диференцијал работи уште побрзо од неговиот претходен модел и е полесен за околу еден килограм.
Подвозјето на двата нови S модели напред и одзади е изградено од ново создадени суспензии со пет осовини. Принципот на осовините овозможува оптимален прием на попречните и надолжните сили. Во попречна насока лагерите се спортско цврсти, во надолжна насока се поставуваат флексибилно меко. Заедно со дополнително развиеното, електромеханичко серво управување со директна интерпретација, тие ја поставуваат основата за динамично управување, добар комфор и голема стабилност. Со нивната мала тежина, новите составни делови со ова ја намалуваат потрошувачката на гориво. По желба Audi монтира и динамично управување, кое нејзината интерпретација ја прилагодува на брзината и на аголот на управување.
AUDI DRIVE SELECT
Системот за возна динамика Audi drive select во S4 Avant е дел од сериската опрема. Тој пристапува до моторот, управувањето, менувачот со осум степени tiptronic, спортскиот диференцијал и опционалното подвозје со регулирање на придушувањето, што ги носи заедно таканаречените CDC придушувачи (CDC = continous damping control). Возачот може да управува со карактеристиката на овој конструкциски елемент во режимите comfort, auto, dynamic, efficieny како и individual (доколку дел од опремата е и навигациски систем). Со регулираното подвозје како и со сериското S спортско подвозје, каросеријата е пониска за 23 милиметри од онаа на основниот модел A4.