-
Пребарај
ЕКСПРЕСИВНИ МОЖНОСТИ ЗА КОМБИНАЦИИ.
Плус за индивидуалноста: мноштвото на можности за комбинации. Новото Audi S4 Avant прилагодете го на Вашата личност. Инспирирајте се - од декоративните делови, преку опремите од кожа па сè до фаровите, на Вашите идеи нека им нема граница.
ИЗБОР НА СЕРИСКИ ОПРЕМИ
LED ФАРОВИ
Се грижат за прецизно осветлување на коловозот кое е слично на дневната светлина; ги комбинираат собореното светло, долгото светло, светлото за возење по автопат, трепкачите и статичното светло за кривини, како и светлото за сите годишни времиња во LED технологија; светло за возење по автопат со автоматски зголемен досег при брзина од околу 110 km/h па нагоре; светло за сите годишни времиња за намалување на сопствено заслепување при лоши услови на видливост; нова, маркантна светлосна графика во дневен и ноќен дизајн со хомогено светло за дневно возење и интегриран LED трепкач.
AUDI DRIVE SELECT
Поставување на карактеристиките на возилото во достапните режими auto, comfort, dynamic, efficiency како и individual со прилагодување на поддршката при управување, карактеристиките на моторот односно на менувачот и поставување на дополнителни опционални опреми. Режимот efficiency ги става моторот, автоматскиот менувач, климатизацијата како и опционалниот систем adaptive cruise control и уредот за регулирање на брзината во нивното основно поставување кое е подобрено во поглед на потрошувачката.
S-СПОРТСКО ПОДВОЗЈЕ
Со цврсто одредена амортизација и придушување за подиректен контакт со коловозот и спортско управување; ново осмислено, лесни суспензии со пет осовини на предната и задната оска за јасна придобивка на комфор при нагласен спортски дух.
LED ЗАДНО СВЕТЛО СО ДИНАМИЧЕН ТРЕПКАЧ
Јасно видлив тек на трепкачот: лентата со LED диоди сегментално се активира во такт од неколку милисекунди и при трепкање преминува на надворешната страна во насоката на свртување.
СПОРТСКИ СЕДИШТА НАПРЕД
Спортските седишта го нагласуваат спортскиот карактер на внатрешниот простор и нудат оптимално држење на телото, сериски се достапни во комбинација од Alcantara и кожа.
ОСВЕТЛЕНИ ЛАЈСНИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ
На праговите на вратите, со алуминиумски додаток и ознака S.
ИЗБОР НА ПОСЕБНИ ОПРЕМИ
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Иновативната технологија комбинира систем базиран врз камера со LED светлосни извори и прецизна оптика за адаптивна поделба на светлото. Возилата кои доаѓаат од спротивната насока и возилата кои возат пред Вас на тој начин ќе се засенат, така што дополнително целосно ќе се осветлат сите други подрачја измеѓу и покрај Вас. Со автоматското намалување на отсјајот од сообраќајните знаци светлото врз нив се намалува и возачот помалку се заслепува. Возачот ќе искуси јасно зголемена видливост. Поделбата меѓу конвенционалното соборено светло и долгото светло скоро и ќе ја снема. Концизната светлосна графика е маркантна. LED светлото за дневно возење и динамичкиот трепкач во фаровите се реализираат само во хомоген, хоризонтален светлосен водич и заедно повторно го даваат јасниот светлосен белег на Audi.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Иновативна, целосно дигитална инструментна табла со големина од 12,3 инчи и приказ на конкретните информации по потреба според побарувањата на возачот: усогласени информации како брзина/број на вртежи, прикази на мапи, Audi connect услуги, информации за радио и медиуми итн.; користење на повеќефункцискиот управувач плус. Копчето VIEW на повеќефункцискиот управувач овозможува префрлување меѓу два различни прикази на кружните инструменти. Заедно со ММИ® навигацијата плус со ММИ® на допир: приказ на навигациската мапа како 3D модел на терен на 12,3 инчниот дисплеј во боја со висока резолуција; континуиран приказ на навигациски информации во делот на тахометарот при активно водење по рута.
АЛУМИНИУМСКИ ЛИЕНИ ТРКАЛА ВО V-ДИЗАЈН СО 5 КРАЦИ -DESIGN (S ДИЗАЈН)
Големина 8,5 J x 19 со гуми 255/35 R19
ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ СПОРТСКИ КОЖЕН УПРАВУВАЧ СО 3 КРАЦИ, СО ИЗРАМНЕТ ДОЛЕН ДЕЛ
Со S ознака и прекинувачи за менување степени
S СПОРТСКИ СЕДИШТА НАПРЕД СО S ОЗНАКА
Со интегрирани потпирачи за глава. Потпирачите на предните седишта имаат S ознака и контрастни шевови, исто така има и електрично поставување на предните седишта, електричен потпирач за 'рбетен столб со четири начини на поставување, поставување на потпирачите во висина, должина и накосување, со поддршка за бедрата којашто се извлекува
ДЕКОРАТИВНИ ДЕЛОВИ ВО CARBON ATLAS
за облогите на вратите односно страничните облоги, како и во средишната конзола