-
Пребарај
СПОРТСКИ КОМПЛИМЕНТ: ДИЗАЈНОТ.
Ширината на предниот дел на новото S4 Avant ја истакнуваат Singleframe решетката и нагласената хоризонтална линија. Браникот и отворите за воздух се маркантно контурирани. Многу додатоци се фино се лакирани со фино нијансирани, мат сиви тонови, хромираните делови поставуваат точкести акценти.
Течниот дизајн на S4 Avant со остри линии ја истакнува суштината на марката Audi - спортска елеганција на 4,75 метри должина. Ширината на предниот и задниот дел на возилото ја дефинира хоризонтална линија. Двојните алуминиумски потпори ја градат Singleframe решетката. Отворите за воздух, обиколени од маркантните контури, градат пат во вид на стрелка, исто со алуминиумската подлога. За подобрување на аеродинамиката, еден дел од струењето на воздухот го насочуваат кон куќиштата на тркалата.
Куќиштата на надворешните ретровизори со алуминиумски изглед ставаат акцент на крилата, моќно контурираните лајсни на праговите исто така придонесуваат за поостар изглед на S4 Avant. На вратата од багажниот простор, струењето на воздухот го подобрува еден од рабовите и спојлер кој е силно повлечен надолу. Задниот браник има рамна црна решетка во форма на саќе, споната на дифузерот во алуминиум мат сребрена боја ги опфаќа двете двојни крајни цевки за издувни гасови.
Фаровите со нивниот маркантен назабен долен раб се разнолики и тродимензионални, Audi за S4 Avant ги испорачува сериски во LED технологија со динамичен трепкач во задниот дел. По желба можете да добиете и Matrix LED фарови. Овде улицата ја осветлуваат по дванаесет LED диоди на долго светло со светлина слична на дневната, притоа се многу прецизни, така што не ги заслепуваат учесниците во сообраќајот кои доаѓаат од спротивната страна. Matrix LED фаровите го вклучуваат концизно динамичниот трепкач на предниот дел на возилото. Дополнителен технички новитет е намалувањето на отсјајот од сообраќајните знаци: онаму каде што светлото паѓа врз сообраќаен знак со силна рефлексија, целно се затемнува околу една третина.