-
Пребарај
ВО СРЦЕТО НА СПОРТСКИОТ ДУХ.
Новото S4 Avant нуди доживување за време на возењето и динамика на спортско ниво. Дизајнот е заострен, перформансот подобрен: моторот 3.0 TFSI произведува 260 kW (354 КС) и S4 Avant за 4,9 секунди го забрзува од 0 на 100 km/h и понатаму до максимална брзина од 250 km/h. Нека Ве одушеват атлетскиот дизајн, спортскиот перформанс и техничките иновации - истакнати со типичната ознака S.
AUDI S4 AVANT ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ
ВРВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА AUDI S4 AVANT
ВОЗНА ДИНАМИКА
Менувачот tiptronic со осум степени со брзо и комфорно менување на степени го презема пренесувањето на силата. Ниските степени се спортско кратки, додека високите степени го намалуваат бројот на вртежи заедно со потрошувачката. Серискиот погон на сите тркала quattro исто така придонесува за спортско однесување на S4 Avant. Во нормален режим на возење тој ја дели моторната сила лесно и концентрирана во задниот дел - доколку е потребно, поголемиот дел од силата се префрла на оската со најдобра тракција.
ГОЛЕМ ПЕРФОРМАНС ПРИ НИСКА ПОТРОШУВАЧКА
Ново создадениот мотор 3.0 TFSI произведува 260 kW (354 КС). Неговиот вртежен момент со 500 Nm стои на располагање во широко подрачје на број на вртежи од 1 370 до 4 500 1/min. Потрошувачката е значително помала од онаа на претходниот модел - притоа S4 Avant о надминува неговиот претходник во поглед на перформансот и вртежниот момент. S4 Avant со помалку од 7,5 литри гориво на 100 километри и 175 грама CO2 на километар. За 4,9 секунди S4 Avant забрзува од 0 на 100 km/h, на 250 km/h има електронско ограничување на брзината.
ОБЕМНИ СЕРИСКИ ОПРЕМИ
Avant импресионира и во сериската опрема со спортски детали, кои означуваат динамично доживување за време на возењето. Меѓу другото, дел од сериската опрема се погонот на сите тркала quattro, Audi drive select, осветлените лајсни за влегување со ознака S, LED фаровите како и LED задните светла со динамични трепкачи. Покрај тоа, S4 Avant сериски содржи и електричен погон за вратата од багажниот простор и полицата во просторот за товарање, како и кровен носач од елоксиран алуминиум.
ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН ДИЗАЈН.
Ширината на предниот дел на новото S4 Avant ја истакнуваат Singleframe решетката и нагласената хоризонтална линија. Браникот и отворите за воздух се маркантно контурирани. Многу додатоци се фино се лакирани со мат сиви тонови. Атлетските детали, како S-специфичната решетка за ладење во Twilight сива боја со двојни ламели од алуминиум или S-специфичниот уред за издувни гасови со две хромирани цевки впечатливо го заокружуваат изгледот.