-
Пребарај
Потврда за спортскиот карактер. Audi A4 Limousine.
Благодарение на новиот јазик на дизајнот и речиси целосно комплетната каросерија, спортскиот карактер на Audi A4 Limousine повеќе од кога и да е доаѓа до израз: тој истовремено делува динамично-моќно и привлечно-естетски. Висококвалитетниот и функционално обликуваниот внатрешен простор, иновативните технологии во областите на дигитализацијата, Infotainment и системите за помош на возачот како и моќните мотори го заокружуваат целосниот пакет.
Омилени конфигурации
A4 Класична
Мотор: A4 Limousine 35 TFSI хибрид
Бензин/E / 2.0l / 110kW / 150КС
Лак: сјајно црн
Опрема:
- Декоративна облога од алуминиум Ellipse
- Систем за информирање на возачот со дисплеј во боја
- Сјаен пакет
- Комфорен пакет
A4 Дизајн
Мотор: A4 Limousine 40 TDI quattro advanced
Дизел / 2.0l / 140kW / 190КС
Лак: gletscher бела металик
Опрема:
- Audi виртуелен кокпит plus
- Декоративна облога од даб во боја сива naturell
- Стаклен покрив/издигнувачки покрив
- Клуч за комфорно користење со вклучен DWA и сензор
A4 Sport
Мотор: A4 Limousine 45 TDI quattro S line
Дизел / 3.0l / 170kW / 231КС
Лак: tango црвена металик
Опрема:
- Наслон за `рбетен столб со 4 позиции
- Опрема за приколка
- Head-up дисплеј
- Повеќефункциски кожен управувач со спортски контури
Спортски изглед од секој агол
Audi A4 Limousine се залага за спортски карактер, емоции и престиж. Со фокусирањето на динамичните quattro елементи и благодарение на хармоничните пропорции, овие атрибути се насекаде препознатливи. Во задниот дел, хромираната лајсна што се протега ги поврзува меѓусебно LED светлата и на тој начин го истакнува хоризонталниот дизајн. Испакнатата површина на дифузерот со интегрираните трапезоидни крајни цевки се грижат за совршен спортски завршеток. Исто така и во страничниот приказ продолжува спортската линија на Audi A4 Limousine со широките крила и впечатливите лајсни на праговите. Кај тркалата можете да се одлучите за обемна, делумно опционална понуда од димензии од 16 до 19 инчи. Во предниот дел, длабоката и широката Singleframe решетка, браникот и нагласено широките отвори за воздух креираат моќно единство.
Просторен и висококвалитетен – Ентериерот
Во внатрешниот простор на Audi A4 Limousine ќе доживеете обемна понуда на простор и подреденост на елементите, која се стреми кон леснотија и ширина. Така на пример, лентата на отворот за воздух ја нагласува ширината на возилото, а една хромирана лајсна која се движи по горниот дел се грижи за нагласување на квалитетот. Големата преграда во средишната конзола нуди практичен простор за сместување предмети. Во сериското внатрешно осветлување се содржани светла за читање, коишто во предниот дел можете да ги ракувате со помош на сензори. Со опционалниот пакет за амбиентално светло дополнително ќе создадете атмосфера каде ќе се чувствувате добро. Друга особеност за Audi A4 Limousine е нашиот модуларен концепт на линии. Тој Ви овозможува поголема флексибилност на опремата - на тој начин можете меѓусебно да комбинирате различни пакети на дизајн за надвор и внатре.
Напредни технологии
Благодарение на интуитивниот концепт на ракување преку функцијата на допир и интеракцијата со природен говор, во Audi A4 Limousine ќе искусите високо ниво на комфор при ракувањето. Во областа на Infotainment одлучете се за опционалните технилогии како што е дигиталната инструментна табла Audi virtual cockpit plus. На нејзиниот дисплеј со големина од 12,3 инчи директно пред Вас имате прегледност до важни функции коишто се прикажани во Full-HD резолуција, меѓу другото и брзината и бројот на вртежи. Опционалните дополнителни опции како што се Audi connect клучот¹ и Audi phone box¹ го интегрираат Вашиот паметен телефон во возилото.
Погони со високи перформанси
За Audi A4 Limousine Ви нудиме различни опции на погони. Бензинските 2.0 TFSI
можете да ги добиете со 110 kW (150 КС), 140 kW (190 КС) или 180 kW (245 КС).
Последно наведената варијанта располага со ultra-технологија, којашто погонот на
сите тркала quattro го активира во рок од неколку милисекунди, ако тоа го бара
возната ситуација, а со тоа овозможува и опционална тракција и возна динамика.
Дизел моторот 2.0 TDI овозможува моќност од 140 kW (190 КС), поголемиот 3.0 TDI 170
kW (231 КС).
Некои варијанти на овие мотори располагаат со 12 волтен Mild хибриден систем со
ремен-стартер-генератор и литумско-јонска батерија. На пример, оваа технологија
овозможува исклучување на моторот за време на возењето - таканаречениот режим на
едрење. На тој начин се намалува потрошувачката.
Системи за помош во позадина
Оставете при возењето во Вашиот Audi A4 Limousine да бидете поддржани од системите за помош на возачот⁵. За таа цел изберете помеѓу опционалните претходно конфигурирани пакети со различни фокуси, како што е системот за помош Град. Тој ги обединува системите за помош во урбаниот сообраќај, меѓу другото Системот за помош при паркирање plus и камерата за помош при возење наназад. Предупредувањето за излегување коешто е исто така составен дел на овој пакет може да препознае учесници во сообраќајот кои се приближуваат одзади и по потреба пред отворањето на вратата да Ве предупреди преку LED-сигнал. Сериски Audi A4 Limousine е опремена со Audi pre sense city, којшто до брзина од 85 km/h може да предупреди визуелно, звучно и во даден случај со притискање на сопирачката за судир што се заканува.
Функционално и забележително - светлото
Уште една визуелна карактеристика на Audi A4 Limousine е нејзиниот прогресивен дизајн на светла. Сериските LED фарови, со својата специфична сигнатура, нудат уникатна препознатлива вредност. LED технологијата овозможува директно по вклучувањето на светлата да добиете осветлување коешто наликува на дневна светлина. По избор, можете да се одлучите за Matrix LED фаровите со динамично исценирано светло и со динамични трепкачи.
Matrix LED-технологијата комбинира систем од камери со LED извори на светлина и прецизна оптика. На тој начин, системот може селективно да го намали заслепувањето на возилата кои доаѓаат од спротивниот правец, додека другите делови на коловозот да останат силно осветлени. Кога го отклучувате или заклучувате возилото, фаровите ќе Ве воодушеват со исценирано светло. Во задниот дел, LED светлата исто така опционално располагаат со оваа анимација, како и динамичен трепкач.