-
Пребарај
Спортски дизајн, високо ниво на функционалност. Audi A4 Avant.
Audi A4 Avant поставува нови стандарди: за спортски карактер, квалитет, дигитализација и варијабилност. Преку новиот јазик на дизајнот, тој во надворешниот изглед јасно се разликува од претходниот модел. Во внатрешниот простор што е создаден со висок квалитет, ќе го продолжите Вашето дигитализирано секојдневие благодарение на напредните технологии. Големиот волумен на просторот за товарање Ви нуди флексибилни можности при транспортот.
Омилени конфигурации
A4 Avant Класичен
Мотор: A4 Avant 35 TFSI хибрид
Бензин / E / 2.0l / 110kW / 150КС
Лак: Florett сребрена металик
Опрема:
- Кровни шини од елоксиран алуминиум
- Систем за помош при паркирање plus
- Внатрешни ретровизори без рамки што автоматски се затемнуваат
- Греење на предни седишта
A4 Avant Дизајн
Мотор: A4 Avant 40 TDI quattro advanced
Дизел / 2.0l / 140kW / 190КС
Лак: Manhattan сива металик
Опрема:
- Амбиентално осветлување
- Систем за помош при паркирање во град
- Музички систем Bang & Olufsen со 3D звук
- LED фарови и LED задни светла
A4 Avant Спорт
Мотор: A4 Avant 45 TDI quattro S line
Дизел / 3.0l / 170kW / 231КС
Лак: Navarra сина металик
Опрема:
- Audi Matrix LED фарови
- S-line на ентериерот
- Црн оптички пакет
- Панорамски стаклен покрив
Спортскиот карактер во фокусот – екстериерот
Audi A4 Avant го покажува својот динамичен карактер од секој агол. Во предниот дел воодушевува широката Singleframe решетка и нагласено широките отвори за воздух, во задниот дел испакнатата површина на дифузерот со интегрираните трапезоидни крајни цевки, како и хормираната лајсна која се протега по должина, којашто LED светлата ги поврзува меѓусебно. Особеност е исто така и нашиот модуларен линиски концепт. Тој Ви овозможува поголема флексибилност кај опремата - на тој начин можете меѓусебно да комбинирате различни пакети на дизајнот за надвор и внатре. Во делот на екстериерот Ви го нудиме на пример S-line пакетот за еден особено спортски изглед. Тој, меѓу другото, содржи спортско подвозје, специфична S-решетка на ладилник и специфичен S-дифузер. За уште поспортска надворешност придонесува и "edition one" на Audi A4 Avant, којашто е прикажана на фотографиите. Во страничниот приказ вниманието Ви го привлекуваат Audi прстените на крилата, 19 инчните тркала и црвено лакираните облоги за сопирачки. Спојлерот на кровните рабови со RS оптика се грижи за еден совршен спортски завршеток.
Просторен, висококвалитетен, индивидуален
Во внатрешниот простор на Audi A4 Avant ќе доживеете обемна понуда на простор и подреденост на елементите, која се стреми кон леснотија и ширина. Така на пример, лентата на отворот за воздух ја нагласува ширината на возилото, а хромираната лајсна која се движи по горниот дел се грижи за нагласување на квалитетот. Седнете во опционалните Ѕ спортски седишта со Ѕ-амблем и штепување во ромбови, коишто Ви овозможуваат безбедно држење и многубројни електрични можности за поставување. Во "edition one" на Audi A4 Avant можете да избирате помеѓу дизајнот selection и S line пакетот за ентериер. Со впечатливата боја на Audi exclusive понатаму истакнете го внатрешниот простор, на пример на средишната конзола, на контрастните шевови на седиштата и на воланот.
Варијабилен и функционален
Спортски дизајн и осмислен концепт на просторот - тоа го нуди Audi A4 Avant. Со практичните технологии за товарање и растоварање тој ја истакнува својата соодветност за секојдневна употреба, волуменот за товарање изнесува 495 литри, а при спуштен грбен наслон (сооднос 40:20:40) дури 1495 литри. Кон сериската опрема припаѓаат на пример електричната полица од багажниот простор и деблокирањето на наслонот со далечински управувач. Опционалниот сет за фиксирање создава уште повеќе можности: две телескопски прачки се монтираат во системот на шини во багажниот простор и дополнително го обезбедуваат Вашиот багаж. Ако при товарањето немате слободна рака, багажниот простор можете сосема едноставно електрично да го отворите со движење на стапалото со помош на опционалното отклучување на багажниот простор управувано од сензор. Со опционалниот клуч за комфорно користење можете да го заклучувате и отклучувате целото возило преку сензори во рачките од вратите. Притоа, клучот мора да го носите со себе.
Напредни технологии
Благодарение на интуитивниот концепт на ракување преку функцијата на допир и интеракцијата со природен говор, во Audi A4 Avant ќе искусите високо ниво на комфор при ракувањето. Во областа на Infotainment одлучете се за опционалните технологии како што е дигиталната инструментна табла Audi virtual cockpit plus. На нејзиниот дисплеј со големина од 12,3 инчи директно пред Вас имате прегледност до важни функции коишто се прикажани во Full-HD резолуција, меѓу другото и брзината и бројот на вртежи. Опционалните дополнителни опции како што се Audi connect клучот¹ и Audi phone box¹ го интегрираат Вашиот паметен телефон во возилото.
Погони со високи перформанси
За Audi A4 Avant Ви нудиме различни опции на погони. Бензинските 2.0 TFSI можете да
ги добиете со 110 kW (150 КС), 140 kW (190 КС) или 180 kW (245 КС). Последно
наведената варијанта располага со ultra технологија, којашто погонот на сите тркала
quattro го активира во рок од неколку милисекунди, ако тоа го бара возната
ситуација, а со тоа овозможува и опционална тракција и возна динамика. Дизел
моторот 2.0 TDI овозможува моќност од 140 kW (190 КС), поголемиот 3.0 TDI 170 kW
(231 КС).
Некои варијанти на овие мотори располагаат со 12-волтен Mild хибриден систем со
ремен-стартер-генератор и литумско-јонска батерија. На пример, оваа технологија
овозможува исклучување на моторот за време на возењето - таканаречениот режим на
едрење. На тој начин се намалува потрошувачката.
Системи за помош во позадина
Оставете при возењето во Вашиот Audi A4 Avant да бидете поддржани од системите за помош на возачот. За таа цел изберете помеѓу опционалните претходно конфигурирани пакети со различни фокуси, како што е системот за помош Tour. Тој ги обединува системите за возење низ урбани средини и на долги патеки, како на пример системот за помош при застој. Тој Ви помага во областа на регулирање до 65 km/h при управувањето и со тоа се грижи за што е можно поудобно и поприродно возење. Системот ги препознава ознаките на коловозните ленти, издигнатите рабови на коловозот, возилата на соседната лента, како и повеќе возила коишто возат пред Вас. Системот за помош при вртење, што е исто така составен дел на пакетот за помош Tour, при свртување лево ги препознава возилата кои доаѓаат кон Вас и при критични ситуации може да делува со интервенирање врз сопирањето.
Функционално и забележително - светлото
Уште една визуелна карактеристика на Audi A4 Avant е неговиот прогресивен дизајн на светла. По избор, можете да се одлучите за Matrix LED фаровите со динамично исценирано светло и динамични трепкачи.
Matrix LED технологијата може селективно да го намали заслепувањето на возилата кои доаѓаат од спротивниот правец, додека другите делови на коловозот да останат силно осветлени. Кога го отклучувате или заклучувате возилото, фаровите ќе Ве воодушеват со исценирано светло. Во задниот дел, LED светлата исто така опционално располагаат со оваа анимација, како и со динамичен трепкач.
Совршени решенија
Со опционалната опрема на Audi оригиналните додатоци дополнително Ви се олеснува секојдневието во Audi A4 Avant. На пример, повеќе место за сместување Ви нуди кровната кутија. Можете да избирате помеѓу различни бои и големини. Кутиите можат да се заклучуваат и да се отвораат од двете страни за удобно товарање и растоварање. Разделната мрежа го дели просторот за патници помеѓу грбниот потпирач и внатрешниот дел од покривот од багажниот простор и на тој начин нуди заштита од неприцврстените делови од багажот. Монтажата може да се изврши сосема едноставно. За индивидуален и спортски изглед придонесуваат и LED диодите за влегување: при отворањето на страничните врати се прикажува логото на Audi на подлогата.
Ексклузивна оптика
Кај надворешните бои можете да избирате помеѓу дванаесет нијанси: од класична Ibis-бела до упадлива Tango-црвена. Освен тоа, Ви нудиме и други можности со лаковите на Audi exclusive, како на пример нијансата Java-зелена.