-
Пребарај
ВНАТРЕШНИОТ ПРОСТОР НА AUDI A4 ALLROAD QUATTRO. ВИСОКОКВАЛИТЕТНА ОПРЕМА. ПОСЕБНО ЧУВСТВО ЗА ПРОСТОР.
Седнете и издишете. Со хоризонтално ориентираната архитектура на внатрешниот простор ќе чувствувате леснотија и ширина. На пример на опционалните спортски седишта, кои се грижат за одлична странична потпора.
ИМПРЕСИВНО.
Кожниот повеќефункциски управувач плус со дизајн со три краци со вклучено загревање на управувачот, кој може да се добие како посебна опрема, секогаш ќе Ви биде на дофат на раката. Исто така во секое време ќе имате преглед на голем број на релевантни информации за возачот - прецизно прикажани на опционалната дигитална инструментна табла Audi виртуелен кокпит со 12,3 инчен екран во боја. Брилијантно и контрастно. По желба достапно е и музичко уживање со врвен квалитет, благодарение на импресивниот музички систем Bang & Olufsen со 3D звук.