-
Пребарај
МОЌНО И МНОГУСТРАНО.
Новото A4 allroad quattro има ексклузивен карактер за возење на отворен пат. Тоа ги соединува екстровертниот дизајн и максималната функционалност и со тоа има уникатна позиција во неговиот сегмент. Достапно веднаш и со мотор со 4 цилиндри со 163 и 190 КС.
2.0 TFSI
Ново создадениот 2.0 TFSI има 185 kW (252 КС) и развива од 1 600 до
4 500 вртежи во минута и 370 Nm вртежен момент. Во комбинација со менувачот со седум степени S tronic новото Audi A4 allroad quattro за само 6,1 секунди забрзува од 0 на 100 km/h, најголемата брзина е 246 km/h. Потрошувачката изнесува 6,4 литри гориво на 100 километри (соодветно 147 грама CO2 на километар).
TDI МОТОРИ
2.0 TDI со 1 968 cm3 зафатнина го има во две варијанти, со 120 kW (163 КС) и 140 kW (190 КС). Најголемата брзина изнесува 210 односно 220 km/h.
Исто така и 3.0 TDI Audi го нуди во две различни варијанти, со 160 kW (218 КС) или 200 kW (272 КС). Двата TDI мотори со шест цилиндри со 2 967 cm3 зафатнина се специјални мотори - тие соединуваат суверена моќ со одлични карактеристики на перформанс и ефикасност. Во првата изведба 3.0 TDI развива сила од 160 kW (218 КС). Неговиот вртежен момент од 400 Nm на располагање има од 1 250 до 3 750 вртежи во минута. Во најдобрата верзија 3.0 TDI нуди 200 kW (272 КС) и 600 Nm, и тоа во подрачје од 1 500 до 3 000 вртежи во минута. Тој го забрзува новото A4 allroad quattro како спортско возило: за стандардно забрзување се потребни 5,5 секунди, додека ограничената најголема брзина од 250 km/h е само формална работа. Потрошувачката е ограничена на 5,3 литри гориво на 100 километри (139 грама CO2 на километар).
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СИЛА
Пoгонот на сите тркала quattro, кој воедно го дава и името на овој модел, е дел од сериската опрема на новиот модел A4 allroad quattro. За поголема динамика, поголема тракција и добро чувство скоро на секоја патека. Зависно од моторот, на располагање стојат рачниот менувач со шест степени, менувачот со седум степени S tronic и менувачот со осум степени tiptronic.
За 2.0 TDI Audi нуди рачен менувач, како и новиот менувач S tronic. Со моторите 2.0 TFSI и 3.0 TDI со 160 kW (218 КС) автоматскиот менувач со двојна спојка доаѓа во сериската опрема. Најважните подобрувања се дополнително намалено триење, мала тежина, ефикасно снабдување со масло и центрифугално нишало на двомасниот замаец - овозможува низок број на вртежи во слободен од на возилото. Менувањето на степени се извршува за неколку стотинки од секундата со замена на спојките, и тоа без прекинување на влечната сила. Силата проаѓа низ погонското вратило преку степенот на челниот запчаник до диференцијалот на предната спојка.
Tiptronic со осум степени е предвиден за 3.0 TDI со 200 kW (272 КС). Автоматскиот претворувач кој овозможува нежно, брзо и спонтано менување на степени исто така е новитет. Неговиот голем број на степени овозможува моторот често да работи блиску до неговата идеална точка на оптеретување.
Двата автоматски менувачи се најмладата верзија на техниката и се одликуваат со голем обем на пренос. Нивните најдолни степени се спортски и кратки, додека високите степени имаат карактеристично долг обем којшто резултира со намален број на вртежи и намалена потрошувачка. Возачот може да избере меѓу режимите D, S и E и во секое време рачно да ги менува степените со рачката на автоматскиот менувач, или алтернативно со помош на сериските прекинувачи за менување степени кои се наоѓаат на управувачот.
Погонот на сите тркала quattro на Audi е симбол за ултимативно зголемување на динамиката, тракцијата, возната безбедност и праволиниската стабилност. Тој работи потполно механички и со тоа потполно без задоцнување. Како партнер на погонот quattro делува на дополнително развиеното управување со момент индивидуално за секое тркало, кој е активно на секоја подлога.
ПОДВОЗЈЕ
Висината на возилото која во однос на Audi A4 Avant е зголемена за 23 mm и поголемите тркала се грижат за поголемо растојание од подлогата. Затоа A4 allroad quattro се чувствува како да е дома како на улица, така и на лесен терен.
Алтернативно со сериското подвозје за избор имате и подвозје со регулирање на амортизерите. Сензорите го мерат движењето на сите четири тркала како и забрзувањето во попречна и надолжна насока. Според тоа карактеристиките на амортизерите се прилагодуваат на условите на коловозот и на возната ситуација. Со тоа е загарантирана поголема возна динамика со уште поголем комфор и добри карактеристики за возење на отворен терен. Основните поставувања на подвозјето можат да се поставуваат со притискање на копче во системот Audi drive select.
Системот за возна динамика Audi drive select во А4 A4 allroad quattro претставува дополнителен режим. Покрај познатите поставувања comfort, auto, dynamic,
efficiency и individual (само заедно со навигацискиот систем), за возење на отворен терен е достапен и режимот offroad. Тој оптимално ги прилагодува управувањето со моторот и менувачот, управувачот, опционалното прилагодливо подвозје како и релевантните системи за помош на возачот на полесен терен.
На предната оска се користи доградена оска со пет краци. Таа нуди оптимален комфор при истовремено голема агилност. Во споредба со претходниот модел, дизајнерите ја намалија нејзината тежина за пет килограми.
Исто така и кај електромеханичкиот серво управувач Audi се определи за компактен нов модел, кој во споредба со претходниот модел е полесен за 3,5 kg. Тој на возачот му дава директна повратна информација за возните услови и нуди подобрена прецизност во управувањето. Како опција на располагање стојат и динамичниот управувач со варијабилна поддршка при управување.
Во задниот дел на возилото, конструкција со пет краци е замена за претходниот модел. Со интелигентната мешавина на материјали Audi ја намалува тежината на составните делови на оската за дополнителни седум килограми.
Конфигуратор Листа со цени + каталози Достапно веднаш Пробно возење Пребарување на дилер