-
Пребарај
УНИКАТНО КАКО ВАС.
Спортски дух, комфор, дизајн, функционалност - без разлика кои се Вашите побарувања од Вашето Audi S1, тоа Ви нуди изобилие на можности за индивидуализација. Варијантите на опрема на Audi се многустрани и висококвалитетни и целосно одговараат на Вашите барања.
ДВА AUDI ТАБЛЕТИ СО ВКЛ. СО СИСТЕМ ЗА ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
Целосно интегрирани и поврзани во мрежа и во задниот дел од возилото: Audi таблетите со вкл. систем за забава на задните седишта со антирефлексивен 10,1 инчен дисплеј на допир, HD резолуција, навигација поврзана во мрежа и систем за информирање на возачот како и звук преку вградените звучници, музичкиот систем или слушалките. Двата таблети можат да се извадат и со тоа комфорно и мобилно да се користат во возилото, како и насекаде.
MMI® НАВИГАЦИЈА ПЛУС СО ММИ® НА ДОПИР
Изборот на оваа опрема обврзува откажување на веќе избрана опрема. ММИ® навигацијата плус импресивно ја претставува иновациската сила на новата ММИ генерација и покажува што значи напредок во технологијата на полето на Infotainment: голем број на функции, најголем комфор при користење и многу дополнителни предности за клиентите.
AUDI ВУРТУЕЛЕН КОКПИТ
Имајте ја иднината на мобилноста јасно пред очите со Audi виртуелниот кокпит: целосно дигиталната инструментна табла со 12,3 инчен дисплеј во боја со висока резолуција прикажува информации на флексибилен начин и по потреба.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN СО 3D ЗВУК
Сараунд звук скоро како во концертна сала: музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D звук музичкото уживање го подигнува на ново ниво. Специјалните нискотонски и високотонски звучници кои се вградени во А-столбот создаваат тродимензионален звук, кој целосно ја рефлектира музиката.