-
Пребарај
НАДВОРЕШНОСТА НА AUDI A4 ALLROAD QUATTRO. ИЗГЛЕД КОЈ ОСТАНУВА ВО СЕЌАВАЊЕ.
Хоризонтални линии, подигнати куќишта на тркала. Очигледно. Зрачи со моќ. Со присутност која привлекува погледи. Опкружено со многу фасцинантни детали, како на пример заштитата на решетката за ладење со вертикални хромирани ламели, како и маркантни предни и задни браници. Потполно ексклузивен карактер за возење на отворен пат.
ГОЛЕМА ЕКСПРЕСИВНОСТ ДО НАЈМАЛИОТ ДЕТАЉ.
Екстровертен, функционален и индивидуален. Дизајнот на надворешноста на Audi A4 allroad quattro со висококвалитетните детали богато го нагласува неговиот вреден уникатен карактер. Од Singleframe, маркантните отвори за воздух, амблемот allroad на предните калници и праговите за влегување, до задниот дифузер во мат селенит сребрена боја.