-
Пребарај
НИЕДЕН ПАТ НЕ Е ДАЛЕЧЕН. СКОРО НИЕДНА УЛИЦА НЕ Е ЛОША.
Новото A4 allroad quattro има ексклузивен карактер за возење на отворен пат. Тоа ги соединува екстровертниот дизајн и максималната функционалност и со тоа има уникатна позиција во неговиот сегмент. Силно изразените сводови на тркалата и зголемената оддалеченост од подот A4 allroad quattro го прават совршен придружник за лесни терени. Возењето е овозможено од истоимениот погон на сите тркала quattro: поголема динамика, поголема тракција и добро чувство скоро на секоја подлога: а сега моторот е достапен и со 4 цилиндри со 163 и 190 КС.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО AUDI A4 ALLROAD QUATTRO ОД СИТЕ СТРАНИ
ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА AUDI A4 ALLROAD QUATTRO.
ПРОГРЕСИВЕН ДИЗАЈН.
Audi A4 allroad quattro ја прикажува неговата присутност. Хоризонталните линии и подигнатите куќишта на тркалата зрачат со извонредна моќ. Многу детали, како на пример решетката за ладење со вертикални хромирани ламели, маркантните браници напред и назад како и запчаните фарови на дизајнот на надворешниот воздух му даваат завршна нота на ексклузивниот карактер за возење на отворен пат. На располагање за A4 allroad quattro има 14 бои за надворешноста, од кои 5 се достапни за целосно лакирање.
ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ
Фасцинантниот Infotainment и интелигентните системи за помош во Audi A4 allroad quattro јасно ја нагласуваат иновативната мобилност: опционалниот Audi виртуелен кокпит и опционалниот музички систем Bang & Olufsen со 3D звук нудат врвно доживување на највисоко ниво. Кон врвните карактеристики на системите за помош се вбројуваат и adaptive cruise control со Stop&Go функција со вклучен систем за помош при застој. При брзина до 65 km/h оваа функција го презема поаѓањето и сопирањето и помага при управувањето.
СУВЕРЕНО ДОЖИВУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО.
Не дозволувајте другите да Ви го одредуваат патот: со погонот quattro на сите тркала независноста е дел од сериската опрема. За поголема динамика, поголема тракција и добро чувство скоро на секој терен. Со системот Audi drive select во секој момент можат да се изберат посакуваните возни карактеристики: покрај познатите режими comfort, auto, dynamic, efficiency и individual, за возење на неасфалтирани патишта на располагање Ви стои режимот offroad.
РЕВОЛУЦИОНЕРНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ.
Опремите во Audi A4 allroad quattro воодушевуваат со нивната функционалност. Сензорското отклучување на вратата од багажниот простор овозможува комфорно товарање. Серискиот потпирач на задното седиште кој може целосно да се спушти обезбедува дополнително место во внатрешниот простор. Во основната варијанта на располагање има 505 литри простор за сместување, а со спуштен потпирач на задното седиште и товарање до кровот дури 1 510 литри.
МОЌНИ МОТОРИ.
Со TFSI иTDI моторите на Audi A4 allroad quattro можете да ја почувствувате напредната технологија и ефикасност. Со новосоздадениот 2.0 TFSI со 185 kW (252 КС) во комбинација со менувачот со седум степени S tronic, A4 allroad quattro забрзува за 6,1 секунда од 0 на 100 km/h и достигнува максимална брзина од 246 km/h. Потрошувачката изнесува 6,4 литри на 100 km, соодветно на тоа 147 грама CO2 на километар. Врвната верзија меѓу TDI моторите - 3.0 TDI мобилизира 200 kW (272 КС) и за 5,5 секунди забрзува од 0 на 100 km/h и понатаму до максимална брзина од 250 mk/h. Потрошувачката се ограничува на 5,3 литри гориво на 100 километри и 139 грама CO2 на километар. Опционалното подвозје со регулирање на амортизерите и зголемената оддалеченост на возилото од подлогата се грижат за дополнително задоволство за време на возењето.