-
Пребарај
ПОСТАВЕТЕ НОВИ СТАНДАРДИ.
Фасцинантна динамика, впечатлив дизајн - нова дефиниција на индивидуалниот спортски дух. Посебна врвна карактеристика е опционалниот музички систем Bang&Olufsen: од 14те звучници уживајте во брилијантен сараунд звук. Ексклузивните капаци на звучниците со алуминиумски апликации и LED нагласеното осветлување на предните нискотонски звучници Ви овозможуваат да го искусите целосниот дизајн.
AUDI ВУРТУЕЛЕН КОКПИТ
Имајте ја иднината на мобилноста јасно пред очите со Audi виртуелниот кокпит: целосно дигиталната инструментна табла со 12,3 инчен дисплеј во боја со висока резолуција прикажува информации на флексибилен начин и по потреба.
AUDI ИНТЕРФЕЈС ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН
Целосно интегриран: со опционалниот Audi интерфејс за паметен телефон се нудат Apple Car Play и Android Auto. Функциите се прикажуваат на ММИ-системот со ново конципирана структура на менија.
AUDI PHONE BOX
Добро место за Вашиот мобилен телефон: Audi phone box овозможува комфорно телефонирање за време на возењето. Ракувањето се врши преку ММИ контролниот дел, повеќефункциските копчиња на управувачот или говорна наредба. Преку приклучок за USB мобилниот телефон во секое време може да се снабди со струја.