-
Пребарај
ИМА САМО ЕДНА НАСОКА: НАПРЕД.
Поголема сила, поголем спортски дух, поголемо задоволство за време на возењето - донесени на улицата од новото Audi A3 и неговиот 2.0 TFSI мотор со зголемена моќност со 228 kW (310 КС) и сериски погон на сите тркала quattro. Неговиот експресивен изглед сигнализира концентрирана моќност и при состојба на мирување: деталите како надворешните ретровизори со алуминиумски изглед или специфичната Singleframe со S амблем и хромираните двојни лајсни ја обликуваат надворешноста на возилото, исто како што ја нагласуваат и страничните прагови, формата и линиите на предните и задните делови на каросеријата.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО AUDI S3 ОД СИТЕ СТРАНИ
ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ
S-СПЕЦИФИЧНА НАДВОРЕШНОСТ
Audi S3 има чист спортски дух: надворешните ретровизори со алуминиумски изглед, Singleframe со S амблем и хромираните двојни лајсни се само три од многуте S-специфични детали на надворешноста, кои на Audi S3 му подаруваат спортски изглед. Силно изразениот заден дифузер со S-специфичен уред за издувни гасови со две цевки на S3 му дава визуелно впечатлива ширина.
ОПРЕМИТЕ ВО AUDI S3
Audi S3 веќе и во сериската опрема има спортски изглед: на пример LED фаровите со нова, маркантна фигура, повеќефункцискиот спортски кожен управувач со дизајн со три краци и ММИ радиото со 7 инчен дисплеј веќе се нудат во основната опрема.
CONNECTIVITY
Донесете го познатиот свет на Вашиот паметен телефон и во Вашето Audi S3: со Audi интерфејсот за паметен телефон. Приказот се врши на ММИ дисплејот во боја со висока резолуција. ММИ радиото плус се нуди сериски, по желба се добива со ММИ навигација плус со ММИ на допир. Заедно со Audi connect имате пристап до многу онлајн функции: меѓу нив на пример навигација со Google Earth™ и Google Street View™, сообраќајни информации во вистинско време како и напомени за дестинации на патување или временска прогноза.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Ноќта ќе стане ден: опционалните Audi Matrix LED фарови се грижат за светло и хомогено осветлување на коловозот. Поединечните светлосни диоди се вклучуваат или исклучуваат зависно од ситуацијата, така што постојано овозможуваат прецизно осветлување. Дополнително LED диодите можат да се затемнат на 64 нивоа. Сообраќајните знаци целосно се осветлуваат со намален интензитет на светлина, за да не се заслепи возачот. Вклучени се и динамичните трепкачи - исто така и во задниот дел.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Повеќе од само поглед нанапред: со Audi виртуелниот кокпит во видното поле ги имате сите релевантни информации. На 12,3 инчниот дисплеј можат да се изберат два режими на приказ: во класичниот приказ инструментите се прикажуваат со големина колку кај обичен аналоген приказ, додека Infotainment режимот во прв план го става централниот прозорец, на којшто на пр. се наоѓа навигациската мапа.
МОТОР
Поголема сила, поголем спортски дух, поголемо задоволство за време на возењето: 2.0 TFSI сега нуди 228 kW (310 КС) и со S tronic испорачува 400 Nm во голема област од 2.000 до 5.400 вртежи и до 250 km/h најголема брзина. Сериски во Audi S3 пренесувањето на силата го презема рачен менувач со шест степени со лесно куќиште од магнезиум, а опционално менувачот S tronic со седум степени.
ИНОВАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ
Големиот избор на нови системи за помош на возачот поставува висок стандард. На пример опционалниот систем Audi side assist, кој помага при менување на коловозна лента. Системот на ММИ дисплејот го информира возачот за возило кое се приближува и во посебни критични ситуации може да предупреди со сигнален тон или притисок на сопирачките. Опционалниот систем за помош при паркирање овозможува брзо и комфорно влегување во место за паркирање со скоро автоматско управување.