-
Пребарај
МОЌНО КОН НАПРЕД. S3 SPORTBACK.
Исто и S3 Sportback доаѓа со засилен 2.0 TFSI мотор со 228 kW (310 КС) и го дели дизајнерскиот јазик на надворешноста со другите членови на фамилијата S3. Како на пример S-специфичниот уред за издувни гасови со две цевки, кому двете крајни цевки за издувни гасови од двете страни му подаруваат визуелно впечатлива ширина. Маркантниот заден спојлер на ова возило со пет врати му подарува уште побогат изглед на улица. Во сериската опрема кај сите варијанти се LED фаровите, опционално можете да ги добиете црвено лакираните дискови на сопирачки или 17-инчните сопирачки со внатрешно вентилирање.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО AUDI S3 SPORTBACK ОД СИТЕ СТРАНИ
ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Повеќе од само поглед нанапред: со Audi виртуелниот кокпит во видното поле ги имате сите релевантни информации. На 12,3 инчниот дисплеј можат да се изберат два режими на приказ: во класичниот приказ инструментите се прикажуваат со големина колку кај обичен аналоген приказ, додека Infotainment режимот во прв план го става централниот прозорец, на којшто на пр. се наоѓа навигациската мапа.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Ноќта ќе стане ден: опционалните Audi Matrix LED фарови се грижат за светло и хомогено осветлување на коловозот. Поединечните светлосни диоди се вклучуваат или исклучуваат зависно од ситуацијата, така што постојано овозможуваат прецизно осветлување. Дополнително LED диодите можат да се затемнат на 64 нивоа. Сообраќајните знаци целосно се осветлуваат со намален интензитет на светлина, за да не се заслепи возачот. Вклучени се и динамичните трепкачи - исто така и во задниот дел.
CONNECTIVITY
Донесете го познатиот свет на Вашиот паметен телефон и во Вашето Audi S3: со Audi интерфејсот за паметен телефон. Приказот се врши на ММИ дисплејот во боја со висока резолуција. ММИ радиото плус се нуди сериски, по желба се добива со ММИ навигацијата плус со ММИ на допир. Заедно со Audi connect имате пристап до многу онлајн функции: меѓу нив на пример навигација со Google Earth™ и Google Street View™, сообраќајни информации во вистинско време како и напомени за дестинации на патување или временска прогноза.
ОПРЕМИТЕ ВО S3 SPORTBACK
Audi S3 Sportback веќе и во сериската опрема има спортски изглед: на пример LED фаровите со нова, маркантна фигура, повеќефункцискиот спортски кожен управувач со дизајн со три краци и ММИ радиото со 7 инчен дисплеј веќе се нудат во основната опрема.
S-СПЕЦИФИЧНА НАДВОРЕШНОСТ
Audi S3 Sportback има чист спортски дух: надворешните ретровизори во алуминиумска оптика, Singleframe со S амблем и хромираните двојни лајсни се само три од многуте S-специфични детали на надворешноста, кои на Audi S3 Sportback му подаруваат спортски изглед. Силно изразениот заден дифузер со S-специфичен уред за издувни гасови со две цевки на Audi S3 Sportback му дава визуелно впечатлива ширина
МОТОР
Поголема сила, поголем спортски дух, поголемо задоволство за време на возењето: 2.0 TFSI сега нуди 228 kW (310 КС) и со S tronic испорачува 400 Nm во голема област од 2.000 до 5.400 вртежи во минута. На тој начин Audi S3 Sportback забрзува за само 4,6 секунди од 0 на 100 km/h и понатаму и до 250 km/h најголема брзина. Сериски во Audi S3 Sportback пренесувањето на силата го презема новиот рачен менувач со шест степени со лесно куќиште од магнезиум, опционално новиот менувач со седум степени S tronic.
ИНОВАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ
Големиот избор на нови системи за помош на возачот поставува висок стандард. На пример опционалниот систем Audi side assist, кој помага при менување на коловозна лента. Системот на ММИ дисплејот го информира возачот за возило кое се приближува и во посебни критични ситуации може да предупреди со сигнален тон или притисок на сопирачките. Опционалниот систем за помош при паркирање овозможува брзо и комфорно влегување во место за паркирање со скоро автоматско управување.