-
Пребарај
ОДЕТЕ НАНАПРЕД УДОБНО.
Животот веќе е доволно напорен. Еден термин го лови наредниот. Затоа времето измеѓу треба да го направите колку што е можно попријатно. Врвните карактеристики на опремата за Вашето A3 за тоа Ви нудат голем број на интелигентни решенија. Висококвалитетните производи се оптимално создадени за Вашето Audi S3 Limousine и Ви нудат уште повеќе комфор при секое возење - дури и кога сте на пат кон следниот термин.
AUDI ВУРТУЕЛЕН КОКПИТ
Имајте ја иднината на мобилноста јасно пред очите со Audi виртуелниот кокпит: целосно дигиталната инструментна табла со 12,3 инчен дисплеј во боја со висока резолуција прикажува информации на флексибилен начин и по потреба.
AUDI ИНТЕРФЕЈС ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН
Целосно интегриран: со опционалниот Audi интерфејс за паметен телефон се нудат Apple Car Play и Android Auto. Функциите се прикажуваат на ММИ-системот со ново конципирана структура на менија.
AUDI PHONE BOX
Добро место за Вашиот мобилен телефон: Audi phone box овозможува комфорно телефонирање за време на возењето. Ракувањето се врши преку ММИ контролниот дел, повеќефункциските копчиња на управувачот или говорна наредба. Преку приклучок за USB мобилниот телефон во секое време може да се снабди со струја.