-
Пребарај
КАБРИОЛЕТ СО S-ФАКТОР. AUDI S3 CABRIOLET.
Со Audi S3 Cabriolet искусете го интензитетот на кабриолет-лето. Уште еднаш засилен со динамика под слободното небо, којашто воодушевува за момент и изглед којшто ги исполнува сите желби. Моторот 2.0 TFSI со 228 kW (310 КС) за 5,1 секунди S3 Cabriolet го забрзува од 0 на 100 km/h и понатаму до 250 km/h најголема брзина. Уживајте во животот со S3 Cabriolet - во висок стил, неограничено.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО S3 CABRIOLET ОД СИТЕ СТРАНИ
ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Повеќе од само поглед нанапред: со Audi виртуелниот кокпит во видното поле ги имате сите релевантни информации. На 12,3 инчниот дисплеј можат да се изберат два режими на приказ: во класичниот приказ инструментите се прикажуваат со големина колку кај обичен аналоген приказ, додека Infotainment режимот во прв план го става централниот прозорец, на којшто на пр. се наоѓа навигациската мапа.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Ноќта ќе стане ден: опционалните Audi Matrix LED фарови се грижат за светло и хомогено осветлување на коловозот. Поединечните светлосни диоди се вклучуваат или исклучуваат зависно од ситуацијата, така што постојано овозможуваат прецизно осветлување. Дополнително LED диодите можат да се затемнат на 64 нивоа. Сообраќајните знаци целосно се осветлуваат со намален интензитет на светлина, за да не се заслепи возачот. Вклучени се и динамичните трепкачи - исто така и во задниот дел.
CONNECTIVITY
Донесете го познатиот свет на Вашиот паметен телефон и во Вашето Audi S3: со Audi интерфејсот за паметен телефон. Приказот се врши на ММИ дисплејот во боја со висока резолуција. ММИ радиото плус се нуди сериски, по желба се добива со ММИ навигацијата плус со ММИ на допир. Заедно со Audi connect имате пристап до многу онлајн функции: меѓу нив на пример навигација со Google Earth™ и Google Street View™, сообраќајни информации во вистинско време како и напомени за дестинации на патување или временска прогноза.
ОПРЕМИТЕ ВО S3 CABRIOLET
Audi S3 Cabriolet веќе и во сериската опрема има спортски изглед: на пример LED фаровите со нова, маркантна фигура, повеќефункцискиот спортски кожен управувач со дизајн со три краци и ММИ радиото со 7 инчен дисплеј веќе се нудат во основната опрема.
S-СПЕЦИФИЧНА НАДВОРЕШНОСТ
S3 Cabriolet има чист спортски дух: надворешните ретровизори во алуминиумска оптика, Singleframe со S амблем и хромираните двојни лајсни се само три од многуте S-специфични детали на надворешноста, кои на Audi S3 Cabriolet му подаруваат спортски изглед. Силно изразениот заден дифузер со S-специфичен уред за издувни гасови со две цевки на S3 Cabriolet му дава визуелно впечатлива ширина. Кабрио покривот целосно автоматски се отвора за 18 секунди - и за време на возење до 50 km/h.
МОТОР
Поголема сила, поголем спортски дух, поголемо задоволство за време на возењето: 2.0 TFSI сега нуди 228 kW (310 КС) и со S tronic испорачува 400 Nm во голема област од 2.000 до 5.400 вртежи во минута. На тој начин Audi S3 Cabriolet забрзува за само 5,1 секунди од 0 на 100 km/h и понатаму и до 250 km/h најголема брзина. Сериски во Audi S3 Cabriolet пренесувањето на силата го презема новиот рачен менувач S tronic со седум степени, кој со себе носи и функција на слободен од.
ИНОВАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ
Големиот избор на нови системи за помош на возачот поставува висок стандард. На пример опционалниот систем Audi side assist, кој помага при менување на коловозна лента. Системот на ММИ дисплејот го информира возачот за возило кое се приближува и во посебни критични ситуации може да предупреди со сигнален тон или притисок на сопирачките. Опционалниот систем за помош при паркирање овозможува брзо и комфорно влегување во место за паркирање со скоро автоматско управување.