-
Пребарај
ОДЕТЕ НАНАПРЕД УДОБНО.
Животот веќе е доволно напорен. Еден термин го лови наредниот. Затоа времето измеѓу треба да го направите колку што е можно попријатно. Врвните карактеристики на опремата за Вашето A3 за тоа Ви нудат голем број на интелигентни решенија. Висококвалитетните производи се оптимално создадени за Вашето Audi Sportback и Ви нудат уште повеќе комфор при секое возење - дури и кога сте на пат кон следниот термин.
AUDI ИНТЕРФЕЈС ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН
Целосно интегриран: со опционалниот Audi интерфејс за паметен телефон се нудат Apple Car Play и Android Auto. Функциите се прикажуваат на ММИ-системот со ново конципирана структура на менија.
LED-ФАРОВИ ЗАЕДНО СО ДИНАМИЧНИ ТРЕПКАЧИ ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ
LED-фаровите се грижат за осветлување на коловозот слично на дневната светлина и Вашите очи помалку ќе се заморуваат.
AUDI ВУРТУЕЛЕН КОКПИТ
Имајте ја иднината на мобилноста јасно пред очите со Audi виртуелниот кокпит: целосно дигиталната инструментна табла со 12,3 инчен дисплеј во боја со висока резолуција прикажува информации на флексибилен начин и по потреба.