-
Пребарај
ПРОМЕНЕТЕ ГО ДОСЕГОТ. НЕ ЦЕЛТА.
Комбинацијата од мотор на согорување и електромотор знае да воодушеви: A3 Sportback e-tron нуди спортска возна моќност и истовремено впечатлива ефикасност. Со броеви: 222 km/h максимална брзина, од 0 на 100 km/h за 7,6 секунди.
ЗА 7,6 СЕКУНДИ ОД 0 НА 100 KM/H
Audi A3 Sportback e-tron, чии 1.4 TFSI бензински мотор и електромотор комбинирано мобилизираат 150 kW (204 КС), е сестрано спортско возило. Апсолвира забрзување од 0 на 100 km/h за 7,6 секунди и достигнува 222 km/h максимална брзина.
ЕЛЕКТРОМОТОР ВО ФОРМА НА ДИСК
Како мотор со согорување служи изменетиот 1.4 TFSI мотор кој нуди 110 kW (150 КС) моќност. TFSI преку спојка работи заедно со електромоторот, кој има 75 kW и 330 Nm вртежен момент. Заедничката игра меѓу моторот на согорување, е-машината и менувачот со шест степени S tronic ја регулира заедничка спојка. A3 Sportback e-tron може да вози чисто електрично до 130 km/h брзина.
СИЛНО ЗАБРЗУВАЊЕ
Audi A3 Sportback e-tron може да вози со моторот на согорување, само со електричен погон или во хибриден режим. Веќе со електричниот мотор нуди силно забрзување, без да мора да се исклучи TFSI моторот. По желба на возачот можат да бидат активни двата погони заедно (нагло зголемување на брзината). Ако возачот го тргне стапалото од педалот за гас, тие веднаш се деактивираат (возилото плови). На тој начин се елиминира моментот на сопирање на моторот и се зголемува ефикасноста.