-
Пребарај
ПРОМЕНЕТЕ ГО СВЕТОТ. НЕ СЕКОЈДНЕВИЕТО.
Мобилноста на иднината се среќава со многу предизвици. Audi има одговор: Audi A3 Sportback e-tron. Премиум компактното возило со Plug-in хибриден погон е неограничено погодно за секојдневна употреба. Ја комбинира силата на електричен погон со предностите на мотор со согорување. Електрично возење и голем досег, благодарение на четирите моќни цилиндри. Предизвикот е прифатен.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО A3 SPORTBACK E-TRON ОД СИТЕ СТРАНИ
ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ
ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТ
Од дизајнот јасно е дека се работи за А3 - но за посебен модел. A3 Sportback e-tron се истакнува со e-tron специфични детали во надворешноста: од решетката за ладење во мат црна боја со хоризонтални хромирани лајсни, до дифузерот со хромиран дел. Специјалната e-tron светлосна ознака во предниот браник и стилските странични делови од A3 Sportback e-tron прават вистинска појава.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Повеќе од само поглед нанапред: со Audi виртуелниот кокпит во видното поле ги имате сите релевантни информации. На 12,3 инчниот дисплеј можат да се изберат два режими на приказ: во класичниот приказ инструментите се прикажуваат со големина колку кај обичен аналоген приказ, додека Infotainment режимот во прв план го става централниот прозорец, на којшто на пр. се наоѓа навигациската мапа.
МОТОР НА СОГОРУВАЊЕ
Како мотор на согорување служи и моќниот и ефикасен 1.4 TFSI со 110 kW (150 КС) и максимален вртежен момент од 250 Nm. 75 kW моќниот дискоиден електромотор е интегриран во S-tronic со 6 степени кој е специјално создаден за A3 Sportback e-tron. Двата погони се комбинирани оптимално за степенот на делотворност или моќност, до којшто возилото може да се рекуперира и да плови.
ЕФИКАСНА ДИНАМИКА - ПОГОНОТ
Комбинацијата од мотор на согорување и електричен мотор Ве придвижува кон напред: новото Audi A3 Sportback e-tron нуди спортска сила на автомобилот и истовремено импресивна ефикасност. Со броеви: 222 km/h најголема брзина, за 7,6 секунди од 0 на 100 km/h, до 50 km само електричен досег.
ПОЛНЕЊЕТО Е ОЛЕСНЕТО
Концептот на полнење на A3 Sportback e-tron е напреден како и самото возило. Со приклучокот за полнење којшто се наоѓа зад четирите прстени во Audi Singleframe и опремата за полнење, A3 Sportback e-tron се полни на индустриски приклучок за полнење или на јавен столб за полнење за 2,5 часа. Полнењето на домашен приклучок за полнење трае помалку од 4 часа.
ЗОШТО ДА ВОЗИТЕ E-TRON?
Неограничена секојдневна електрична мобилност: со неговиот Plug-in хибриден погон, A3 Sportback e-tron го нуди најдоброто од два светови: голема ефикасност, возење со електромотор без издувни гасови, спортска возна динамика, голем досег и голем број на можности за полнење дома и на пат. Откривајте го новото A3 Sportback e-tron - практично секој ден.