-
Пребарај
ОДЕТЕ НАНАПРЕД УДОБНО.
Спортски дух, комфор, дизајн, функционалност - без разлика кои побарувања ги имате од Вашето A3 Cabriolet, Audi Ви нуди голем број на можности за индивидуализација. Варијантите на опрема се многустрани и висококвалитетни, а на Вашите лични барања се прилагодуваат удобно и едноставно.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN
Музичкиот систем Bang & Olufsen поставува акустични акценти. Совршено е вграден во спортскиот дизајн на возилото и секој звук го претвора во извонредно доживување. Празник за сите сетила - при секое возење.
ADAPTIVE CRUISE CONTROL СО ВКЛ. AUDI PRE SENSE FRONT
На овој начин секогаш ќе одржувате растојание при густ сообраќај: adaptive cruise control со помош на радарски сензор ги препознава возилата пред Вас и одржува константно растојание со сопирање или забрзување.
AUDI PHONE BOX
Добро место за Вашиот мобилен телефон: Audi phone box овозможува комфорно телефонирање за време на возењето. Ракувањето се врши преку ММИ контролниот дел, повеќефункциските копчиња на управувачот или говорна наредба. Преку приклучок за USB мобилниот телефон во секое време може да се снабди со струја.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ СО СЕЛЕКТИВЕН ПРИКАЗ
Со овој систем за помош комфорно навигирајте во празното место за паркирање: со ултразвучните сензори тој бара соодветни места за паркирање по должината на коловозот, го пресметува идеалниот пат за влегување во надолжни и напречни места за паркирање и скоро автоматски го извршува управувањето.