-
Пребарај
ФАСЦИНАНТНОСТ НА ПРВ ПОГЛЕД. AUDI A3 CABRIOLET.
Audi A3 Cabriolet комбинира елегантна леснотија со динамични пропорции. Серискиот, целосно автоматски кабрио покрив се отвора и за време на возењето до брзина од 50 km/h. Возењето со опционалниот акустичен кабрио покрив е особено без шумови. Дополнителна врвна карактеристика е Audi виртуелниот кокпит, кој за првпат е достапен во компактната класа. Уживајте во слобода без граници.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО AUDI A3 CABRIOLET ОД СИТЕ СТРАНИ
ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Повеќе од само поглед нанапред: со Audi виртуелниот кокпит во видното поле ги имате сите релевантни информации. На 12,3 инчниот дисплеј можат да се изберат два режими на приказ: во класичниот приказ инструментите се прикажуваат со големина колку кај обичен аналоген приказ, додека Infotainment режимот во прв план го става централниот прозорец, на којшто на пр. се наоѓа навигациската мапа.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Ноќта ќе стане ден: опционалните Audi Matrix LED фарови се грижат за светло и хомогено осветлување на коловозот. Поединечните светлосни диоди се вклучуваат или исклучуваат зависно од ситуацијата, така што постојано овозможуваат прецизно осветлување. Дополнително LED диодите можат да се затемнат на 64 нивоа. Сообраќајните знаци целосно се осветлуваат со намален интензитет на светлина, за да не се заслепи возачот. Вклучени се и динамичните трепкачи - исто така и во задниот дел.
ОПРЕМИТЕ ВО AUDI A3 CABRIOLET
Audi A3 Cabriolet со проширената сериска опрема дополнително поставува нови стандарди: ксенонските плус-фарови со вклучено светло за сите временски услови со нова, маркантна графика, Bluetooth интерфејсот и ММИ радиото со 7 инчен дисплеј на пример веќе ги има во стандардната опрема.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ
Многуте системи за помош на возилото го поставуваат стандардот во компактната класа едно ниво погоре: на пример системот за напречен сообраќај назад, којшто предупредува за ризик од можен судир при излегување од место за паркирање. Исто така системот за помош при застој, којшто работи заедно со Audi adaptive cruise control со Stop&Go-функција, е во новата понуда на фамилијата А3. Опционалниот систем одржува растојание до возилото коешто вози пред Вас. Доколку се комбинира со S tronic, по кратко мирување повторно автоматски поаѓа. Друга новост за фамилијата А3 е системот за помош во итен случај. Доколку и покрај предупредувањата не се препознае управување од страна на возачот, системот извршува сопирање до состојба на мирување.
МОТОРИ
Сите мотори импресионираат со агилно возење и истовремено голема ефикасност. Опсегот на моќност е од 81 kW (110 КС) со 1.6 TDI до 140 kW (190 КС) кај 2.0 TFSI. На располагање стојат три бензински и три дизел мотори. Со 1.0 TFSI за првпат се нуди мотор со три цилиндри во линијата A3. Компактниот мотор има моќност од 85 kW (116 КС) и од 2.000 до 3.500 вртежи во минута со 200 Nm вртежен момент.
ЛИНИИ НА ОПРЕМА
Вашето Audi A3 Cabriolet можете да го оформите целосно според Вашите желби. Различниот опсег на опрема го овозможува тоа. Подарете му спортска нота или засилете го акцентот на дизајнот. И тоа во различни нијанси. Одлуката е само Ваша. За што и да се одлучите - секоја нова линија на опрема возењето во Вашето Audi А3 Cabriolet го претвора во посебно искуство. Покажете ја Вашата спортска страна со линијата А3 sport. Со детали, кои впечатливо го нагласуваат темпераментот на Вашето Audi А3. Поставете маркантни акценти со линијата А3 design, коишто индивидуално ја одразуваат Вашата личност.
S LINE СПОРТСКИ ПАКЕТИ
Со S line пакетите нагласете го спортскиот карактер на Вашето Audi A3 Cabriolet. На пример, нагласете го динамичниот тек на линиите, подарете му на внатрешниот простор поголем израз или уште поспортски дефинирајте го подвозјето за зголемената возна диманика. И од Вашето Audi направете вистински атлетичар, на пример со дифузерите со структура како саќе и осветлените лајсни за качување напред со S-натпис.