-
Пребарај
Целосно поврзан во мрежа: со тоа звук како во концертна сала.
Новото Audi A1 Sportback е спремно за дигиталната иднина. Веќе во основната верзија во склоп на неговата сериска опрема доаѓаат целосно дигитална инструментна табла со 10,25 инчен дисплеј со висока резолуција, како и повеќефункциски управувач. Опционалниот Audi виртуелен кокпит со проширен обем на функции во директното видно поле на возачот презентира опфатни и разновидни информации, како на пример анимирани навигациски мапи и графики на некои од системите за помош на возачот. Љубителите на музика и акустика ќе се развеселат со тјунерот за дигитален радиоприем, музичкиот систем Audi Sound system и музичкиот систем Bang #Olufsen Premium-Sound system.
ММИ навигација плус и Audi connect
Новото Audi A1 Sportback е сериски опремено со ММИ радиото, кое се ракува преку повеќефункциските копчиња управувачот и приказите на целосно дигиталната инструментна табла. Во опционална варијанта на опрема ММИ навигацијата плус нуди 10,1 инчен ММИ екран на допир, кој беспрекорно се вклопува во црната стаклена оптика. ММИ навигацијата плус на возачите на A1 Sportback заедно со Audi connect функциите им нуди на пример хибридно водење по рута - таа извршува пресметување на рута во облакот и притоа ја зема во обѕир целата ситуација во сообраќајот. Дополнителни карактеристики се сателитските прикази на мапи и новите 3D модели на градови, кои нудат точен приказ на мапа на многу градски центри. Автоматски бесплатно се преземаат и инсталираат и до четири ажурирања за мапи годишно, а покрај тоа клиентот може да ги користи многубројните онлајн услуги на Audi connect.
Музички систем Bang & Olufsen Sound System
Опционалниот музички систем Bang & Olufsen управува единаесет звучници со 560 вати. Неговиот 3D ефект го користи ветробранското стакло како рефлектирачка површина. Музиката звучи скоро исто како во концертна сала.