-
Пребарај
Пространо, спортско, емоционално. Новото Audi A1 Sportback.
Новото Audi A1 Sportback е идеален сопатник за урбан стил на живеење. Втората генерација на успешниот компактен модел е истакната со маркантен, атлетски дизајн со иконографски карактеристики на рели. Според тоа внатрешниот простор настапува спортски, емоционално оформен и со можност за индивидуализација. Сите контролни елементи и опционалниот ММИ дисплеј на допир се особено приспособени за возачот и го засилуваат посебниот карактер на кокпит. Дополнително A1 Sportback со неговите Infotainment и системи за помош на возачот на ниво на врвна класа оптимално се поврзува во мрежа со дигиталниот свет.
Напомена: Новото A1 Sportback сé уште не е понудено за продажба и моментално не може да се конфигурира.
За индивидуалисти.
Палетата на лакови импресивно го поставува на сцена јазикот на дизајнот на новото A1 Sportback и нуди избор од десет бои. По желба покривот на A1 Sportback се протега од столбот А до спојлерот на работ на покривот во контрастна боја. Куќиштата на надворешните ретровизори, страничните усни на предниот спојлер и страничните прагови исто така можат да се нарачаат во контрастна боја.
Маркантно и атлетско.
Широката, ниско поставена Singleframe решетка и децентните странични отвори за воздух преовладуваат со маркантниот преден дел на возилото. Впечатливата графика на светла за дневно возење на опционалните целосни LED сијалички ги прикажува динамичните облици на крила преземени од спортот со едрење односно т.н. хидрокрила. Длабокиот, концентриран поглед во комбинација со малите сегменти на ромбови во горниот дел на фаровите се грижат за спортски изглед.
Целосно поврзан во мрежа:
Со тоа звук како во концертна сала.
Новото Audi A1 Sportback е спремно за дигиталната иднина. Веќе во основната верзија во склоп на неговата сериска опрема доаѓаат целосно дигитална инструментна табла со 10,25 инчен дисплеј со висока резолуција, како и повеќефункциски управувач. Опционалниот Audi виртуелен кокпит со проширен обем на функции во директното видно поле на возачот презентира опфатни и разновидни информации, како на пример анимирани навигациски мапи и графики на некои од системите за помош на возачот. Љубителите на музика и акустика ќе се развеселат со тјунерот за дигитален радиоприем, музичкиот систем Audi Sound system и музичкиот систем Bang #Olufsen Premium-Sound system.
Безбедно си е безбедно.
Системите за помош на возачот на A1 Sportback потекнуваат од високата класа: тие одржуваат правилно растојание помеѓу компактниот модел и возачот пред него, на возачот му го олеснуваат задржувањето во лента или му помагаат при паркирање. Сериското предупредување за напуштање на лента му помага на возачот при брзина од 65 km/h па нагоре да го задржи возилото во лентата за возење. Адаптивниот систем за помош за брзината го задржува Audi A1 Sportback на саканото растојание од возилото кое вози пред него, додека Audi pre sense front препознава критични ситуации со други возила, попречни пешаци или велосипедисти пред возилото. Со новата верзија на системот за помош при паркирање A1 Sportback исто така се паркира и нанапред во попречни места за паркирање - доколку е потребно и со повеќе маневри. Системот исто така го презема излегувањето од места за паркирање. Опционалниот Audi виртуелен кокпит со проширен обем на функции информира во директното видно поле на возачот и презентира прикази од системите за помош на возачот.
Повеќе место и комфор.
Новото A1 Sportback нуди значајно подобар простор - а со тоа и комфор - плус за возачот, за совозачот и за патниците во задниот дел од возилото. A1 Sportback значајно е издолжен со 56 mm, сега неговата должина изнесува 4,03 m. Истовремено ширината со 1,74 m останува скоро иста. Висината на новата генерација изнесува само 1,41 m - вклучувајќи ја антената 1,43 m. Волуменот на багажниот простор е зголемен за 65 литри: во нормална состојба собира 335 литри со спуштени потпирачи во задниот дел и натовареност до покривот дури 1,090 литри. Со 67 cm работ за товарење е удобно сместен во ниска позиција. Новото Audi A1 Sportback може да се нарача од летото 2018-та година а оф есента 2018-та година веќе ќе биде достапно на пазарот.
Подвозјето: спортски суверено
Конструкцијата на оските на новото Audi A1 Sportback се грижи за агилно управување и спортски суверено чувство на возење. Покрај основното подвозје, опционално за избор има и затегнато спортско подвозје. Динамичните пакети кои се индивидуално приспособени за секој мотор ги обединуваат опциите за опрема, кои A1 Sportback уште повеќе го приспособуваат во спортска насока. Уредот за сопирање на новото A1 Sportback може прецизно да се дозира и испорачува спонтано, круто чувство на педалот. Опционалниот систем за помош при поаѓање ја зголемува безбедноста на нагорнини и надолнини, со тоа што избегнува придвижување на возилото по сопирање. Програмата за тркалата се движи од 15 до 18 инчи. Опционално новото A1 Sportback се симнува од фабричката лента со системот за возна динамика Audi drive select. Со него се избираат четири режими кои влијаат врз возните карактеристики - auto, dynamic, efficiency и individual.