-
Пребарај
Впечатлив трендсетер. Audi A1 citycarver.
Неговиот индивидуален дизајн создава незаменлив настап, неговите флексибилни
можности на опрема ја будат фантазијата за креирање, неговото агилно делување се
грижи за огромно уживање при возењето - Audi A1 citycarver е Crossover-возило со
многу предности. Моќен. Спортски. Инспиративен. Модерен.
Напомена: Audi A1 citycarver сè уште не може да се конфигурира.
Робустен изглед
Впечатливиот дизајн на Audi A1 citycarver е дефиниран според неговиот робустен изглед. Примери за тоа се истакнатите отвори за воздух под просторот на моторот и страничното обложување на куќиштата на тркалата и страничните лајсни. Во предниот дел исто така паѓа в очи големата Singleframe-решетка во дизајн на октагон со тридимензионална решетка во вид на саќе во мат црна боја. Кратките надвиснувања напред и одзади, широките крила и опционално тркалата со големина до 18 инчи му даваат на возилото целосно моќен и спортски изглед, а заштитата на подвозјето од лакиран нерѓосувачки челик ги навестува неговите способности за на отворен терен.
Високо ниво на комфор, голема функционалност во секојдневието
Типични карактеристики на Audi A1 citycarver, во споредба со основниот модел, се поголемата вкупна висина, поголемо растојание од подлогата и повисоката позиција за седење на лицата. За возило со компактни димензии, Audi A1 citycarver располага со голем волумен на багажниот простор од 335 литри. При спуштен грбен наслон целосниот волумен на просторот за товарање се зголемува до 1090 литри и Ви овозможува возење на одмор со две лица заедно со багажот. За дополнителен простор за сместување Ви нудиме практична посебна опрема од Audi оригиналните додатоци, како на пример кутија за скии и багаж.
Дигитална сестраност
Искусете во Audi A1 citycarver голем обем на дигитални технологии и услуги. Целосно дигитална инструментна табла со големина од 10,25 инчи, на којашто можете да исчитувате податоци како што е брзината, веќе припаѓа кон сериската опрема. Опционално можете да го добиете и Audi виртуелниот кокпит, којшто овие информации ги прикажува во најразлични прикази на околината. Пристапот до дигиталните услуги на Audi connect¹ е серискиот ММИ-систем во средишната конзола. Опционалната врвна изведба ММИ Навигација плус со ММИ на допир ќе ги управувате преку дисплеј на допир со големина од 10,1 инчи или преку говорни наредби.
Креирајте и чувствувајте се добро – Ентериерот
Во внатрешниот простор на Audi A1 citycarver продолжува прогресивниот дизајн на надворешноста. Благодарение на новите флексибилни линии на опремата "Struktur" можете слободно да ги комбинирате најразличните пакети на ентериерот со пакетите на екстериерот. Ако го изберете специјалниот "edition one" на Audi A1 citycarver, внатрешниот простор ќе биде опремен со спортскиот ентериер S line. Тој, меѓу другото, опфаќа спортски седишта напред, кожен волан во дизајн со 3 краци и S-амблем, како и педали од нерѓосувачки челик. На фотографијата е прикажана варијанта со навлаки и истакнати површини во портокалова боја.
Возно искуство што воодушевува
Подвозјето, управувачот и распределбата на тежина кај Audi A1 citycarver се совршено меѓусебно прилагодени и овозможуваат спортски начин на возење. Зголеменото ниво во поглед на агилноста ја нуди опционалниот пакет за динамика. Тој опфаќа црвени облоги за сопирачки, систем за возна динамика Audi drive select, активатор на звук и подвозје со придушувачи што се менуваат.
Индивидуален карактер
Посебна спортска изведба на Audi A1 citycarver е онаа на илустрациите на "edition one". Кон неговите ексклузивни опции припаѓаат на пример впечатливиот лак на надворешноста во Pfeil-сива боја со бисерен ефект и 18-инчните тркала на Audi Sport. Покривот е задржан во контрастна боја, заштитната решетка на ладилникот на Singleframe-решетката како и Audi-прстените напред и одзади се во црна боја. Затемнетите LED фарови и LED задните светла го надополнуваат визуелниот изглед. Уште еден јасен симбол е и амблемот "edition one" над страничните прагови.
1 Подетални информации за Audi connect ќе добиете на www.audi.at/connect и кај Вашиот партнер за Audi.